Во Албанија минатата недела е регистрирано највисокото ниво на морталитет како последица од Ковид-19.

Официјалните податоци покажуваат дека во последните седум дена (16 февруари – 22 февруари) животот го загубиле 114 лица, а притоа е регистрана и најмладата жртва во земјата, починат 18-годишен пациент.

Претходно, најголем број смртни случаи беше забележан во првата недела од декември, кога имаше 112 жртви.

Дневниот просек на смртни случаи во последната недела е 16 лица. Минатиот петок беше денот со најголема загуба на животи – 19, додека неделата беше ден со најмалку, односно13 жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.