Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук објави фотографија на која се прикажува графикон за периодот 2010-2019 година каде Албанија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа по барања за азил.

Мета наведува дека неговата земја не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се оди во погрешна насока, јави дописничката на МИА од Тирана.

Како прв чекор за враќање во вистинската насока, Мета бара да се почитува договорот од 5 јуни за изборните реформи, точка по точка и изборните листи да бидат 100 отсто отворени.

Доста е! Албанија не заслужува да биде рангирана меѓу овие земји. Албанија заслужува само европска иднина. Доста е со погрешен правец на авторитаризам, ароганција, корупција и глупост, што толку многу ги осиромашува и изморува Албанците, принудувајќи ги да ја напуштат земјата. Да ја вратиме надежта со враќање на суверенитетот во рацете на народот, со 100 отсто отворени изборни листи и исполнување на сите услови на ЕУ, порача Мета преку објава на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.