Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест.

Според Институтот за јавно здравје, иако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се дијагностицира можна појава на сипаници во лабораторијата на Институтот.

Во оваа лабораторија ќе можеме да ги тестираме сомнителните случаи и нивните контакти, без да ги испраќаме во референтните лаборатории – изјави министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.

Албанија и понатаму е земја со низок ризик за појава на зараза со мајмунски сипаници, велат експертите од Институтот за јавно здравје, додека европските земји се во состојба на готовност бидејќи се пријавени повеќе од 1.700 случаи.

Манастирлиу најави дека во септември се очекува да пристигне апарат за лабораторијата на Институтот за јавно здравје, кој ќе овозможи секвенционирање на генот на корона вирусот, за да се утврди дали пациентот е зафатен од Делта или Омикрон, што никогаш не било направено во лабораторијата на Институтот.

Во меѓувреме во земјата расте бројот на нови случаи со Ковид-19, што во просек дневно е од 25 до 30 отсто од тестираните, поради тоа, се апелира до граѓаните да се вакцинираат. Се дава можност за имунизација на лица над 12-годишна возрст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.