Албанија набави брзи тестови за сите туристи коишто ќе летуваат во земјата, а ќе се пожалат на симптоми на корона вирусот. Таквите тестирања ќе бидат бесплатни за туристите.

Во секоја здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127.

Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона – напиша министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу на Фејсбук.

Во Албанија четири дена по ред нема починат од корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.