Во следните три месеци, Албанија од ЕУ ќе добие 145.000 вакцини против корона вирусот.

Станува збор за вакцини на „Фајзер“ што ќе бидат дистрибуирани како дел од помошта за Западен Балкан.

Ова на нејзиниот Твитер го потврди претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која напиша дека ЕУ е близу до своите партнери на Западен Балкан.

Вкупната бројка на вакцини во Албанија изнесува над 703.550 дози, од кои 266.190 дози пристигнаа во изминативе неколку дена. Од нив 50 илјади се донација од Индија, 208 илјади од „Синовак“, а 8.190 дози се од „Фајзер“.

Како што претходно информираше албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу, заклучно со вчерашниот ден имунизирани се 345.934 лица, од кои повеќе од 210 илјади стари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.