Албанија во изминатиот месец бележи највисоки бројки од секој апсект од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според официјалните податоци, коишто секојдневно ги објавува Министерството за здравство, само во февруари животот го загубиле 406 лица, а притоа е регистрирана и најмладата жртва во земјата, 18-годшник, кој не боледувал од други болести.

Ако се има предвид податокот дека од почетокот на пандемијата, во земјата како последица од врусот починале 1.796 лица, што значи дека во февруари се случиле 25 отсто од вкупниот број на починати. Највиска дневна бројка, односно 21 починат, е регистрана на 25 февруари.

Минатитот месец забележана е и рекордна бројка на новозарзени на месечно ниво или 29.040, со негативен дневен рекорд од 1.239 на деветти февруари.

Досега во Албанија се направени 466.785 тестови, позитивни биле 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598, а починале 1.796 лица.

Во земјата на 11 јануари почна вакцинацијата со која до вчера беа опфатени 13.495 лица, главно здравствени работници и лица постари од 80 години.

Денеска треба да приситигне нова пратка од 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, со која Албанија има договор за набавка на вкупно 500.000 дози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.