Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е постигнат уште еден договор за набавка на вакцини, овој пат за 50.000 дози од руската вакцина „Спутник“.

Рама објави дека во рок од 10 дена вакцините ќе бидат во Албанија.

Само што постигнавме договор да донесеме уште 50.000 дози вакцина „Спутник“ во Албанија во рок од 10 дена. Ние ќе ја добиеме оваа војна со силата на нашиот карактер и упорност и наскоро ќе ја оставиме пандемијата зад тунелот, каде што излезот кон светло брзо се наближува – напиша Рама.

Во меѓувреме во земјата епидемиолошката состојба се стабилизира, што според експертите од оваа област е последица на масовната вакцинација, но и рестриктивните мерки, посебно полицискиот час кој трае од 20:00 до 6 часот а е воведен од средината на ноември.

Според Министертвото за здравство, во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 264 лица од направените 2.092 теста што е 12,6 отсто од тестраните.Во исто време закрепнале 589, додека починале девет лица сите во болнички услови од 55 до 83- годишна возраст.

Во земјата продолжува масовната вакцинација и денеска се очекува бројот на имунизираните да надмине 200 илјади. вт/

2021-04-05 19:57:26, од Вера Тодоровска, Тирана

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.