Дел од вакцините против ковид-19 што премиерот на Албанија ги купи од компанијата „Фајзер“ ќе пристигнат во текот на денот.

Соопштението го објави премиерот Еди Рама за време на состанокот во Корча.

Според него, земјата ќе добие дел од нарачаните 500 илјади дози.

Јас сум многу оптимист дека од гледна точка на капацитетите нема да нема да има недостаток на дози, рече Рама.

Тој исто така најави дека е близу до финализирање и на договорот со „Астра Зенека“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.