Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 641 нови заразени со Ковид-19 од направени 3.530 тестови, што е 18 отсто од вкупно тестираните. Со ова, вкупната бројка на заразени во земјата се зголеми на 66.635 од направените 307.638 тестови.

Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 379 или 39.625 досега, додека починале четири паценти од 52 до 80-годишна возраст, со што вкупната бројка на почнати изнесува 1.265 лица. Активни на болеста се 25.745 од нив 60 отсто се во Тирана, која и понатаму е главно жариште на болеста – информираа од албанското министертво за здравство.

Во четирите Ковид-болници во моментов се примени 280 паценти, од кои 33 се на интензивна терапија, додека шест се интубирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.