Албанските државјани и понатаму се први на листата странски посетители во Грција со најголем број потврдени случаи на Ковид-19 во периодот од 1 јули до 27 септември, според официјалните податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот временски период Грција ја посетиле 4.327.654 лица, а биле направени 569.212 тестови на влезните точки во земјата и потврдени 1.405 позитивни случаи на Ковид-19.

Најголемиот број заразени лица, 1.034 се регистрирани на аеродромите, 343 на копнените граници, а 28 на пристаништата.

Во однос на земјата на потекло на заразените лица, Албанија, Франција, Бугарија, Романија и Чешка се првите пет држави со најголем број позитивни случаи во Грција, односно 48 отсто од вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 кај посетители во земјата.

Позитивни биле 203 државјани на Албанија, 181 посетител од Франција, 107 од Бугарија, 95 од Романија и 87 туристи од Чешка кои ја посетиле Грција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.