Белград и синоќа бил погоден од силно невреме, а од водата од силните дождови не се спасиле ниту градските автобуси кои се поплавиле. Како што пишуваат српските медиуми, борбата за место за седење се претворила во борба за суво катче, но ретко кој патник излегол без да се натопи до колена.

Валканата вода влегувала од кај просторот под вратите, а за оние кои се качиле на станица пред автобусите да се наполнат со вода, предизвик било излегувањето кое било скоро невозможно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.