Италијанскиот институт за меѓународни односи (ИАИ) соопшти дека Западен Балкан неизбежно заостанува зад остатокот од југоисточна Европа, бидејќи Европската Унија им обезбедува на своите земји-членки во регионот поголема финансиска помош.

Според белградската новинска агенција Бета, извештајот на ИАИ вели дека Грција ќе добие 5.700 евра по глава на жител од фондовите на ЕУ во следните седум години за да се опорави од пандемијата на корона вирусите, додека земјите од Западен Балкан ќе добијат по 500 евра по глава на жител. Словенија, Хрватска и Бугарија имаат население кое е помало од 18-те милиони во Западен Балкан, но тие три земји-членки на ЕУ ќе добијат повеќе од шест пати поголема финансиска помош одшто веројатно ќе ја добие регионот.

Финансискиот инструмент ЕУ ИПА 3 ќе обезбеди околу девет милијарди евра грантови за Западен Балкан до 2027 година, додека Романија ќе има на располагање речиси 70 милијарди грантови, а Бугарија нешто помалку од 30 милијарди, се вели во извештајот.

Извештајот предупредува дека „социјалниот и економскиот ѕид“ меѓу Западен Балкан и соседните земји-членки на ЕУ ќе продолжи да расте во догледна иднина, додавајќи дека ниските приходи и недоволниот економски напредок се причина за условите поволни за авторитарните политички лидери и грабежот на националното богатство сè уште е на сила во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.