Aко избие војна во Босна, лидерот на босанските Дрби, Милорад Додик ќе бара помош од Русија. Тој говореше на оваа тема, што ќе преземе во случај на војна во БиХ.

За време на состанокот во Белград минатата недела, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик побара од рускиот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, воена помош во случај на вооружен конфликт во БиХ во блиска иднина, објави босанско-херцеговскиот портал Истрага.ба, повикувајќи се на информациите на безбедносните агенции во БиХ.

Додик за Радио Телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Република Српска има намера да се бори за своите цели со политички средства, но дека е подготвена и за вооружени конфликти доколку е потребно и дека ќе побара помош од „пријатели“. Вели дека независноста на РС ја поддржуваат седум членки на ЕУ. Во БиХ дел од политичките партии повторно споменуваат војна, доколку Република Српска сака да се одвои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.