Деновиве на интернет се прошири видео од ајкула како плива во плиткото кај Медулин во Хрватска, а сега се појави уште една малку појужно, односно се појави видео од ајкула во плиткото кај Пировац.

Проф. Д-р Ален Солдо од Катедрата за морски студии на Универзитетот во Сплит вели дека веројатно станува збор за сина ајкула.

Многу е тешко од видеото да се заклучи за кој вид станува збор, бидејќи за прецизна и точна идентификација недостасуваа цела низа детали. Затоа, може само да се претпостави, но нејзиното движење најмногу потсетува на сината ајкула, која е и најраспространета врста на поголема ајкула во Јадранот – изјавил Солдо за „24 часа“.

Солдо објаснува дека со доаѓањето на летната сезона и зголемувањето на бројот на луѓе на море, се очекува да има се повеќе вакви сцени, меѓу кои и снимки од ајкули.

За потсетување, ајкулата кај Медулин први ја забележале гостите од кампот во заливот Шкуза кај марината Помер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.