Вистинска драма се одиграла во четвртокот во Грција, во Пефкохори, кога дете од Србија, старо 5 години, влегло во вода и почнало да се дави.

На сета среќа, детето е извлечено од морето. Во тој момент било без свест, но успешно е реанимирано и итно превезено со амбулантна кола прво во здрaвствeн дом, а потоа и во болница во Солун, се наведува во Фејсбук групата Во живо од Грција.

Детето во моментов е на одделението за интензивна нега, каде е приклученo на апарати – наведуваат неговите блиски.

Инаку детето од море го извлекол човек кој дава услуги на спортови на вода, а реанимиран е со помош на лекарот кој како турист се нашол на плажата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.