Против бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева.

Божков, кој избега од Бугарија и веќе две недели е уапсен во Абу Даби, започнал постапка во странска земја за помош и застапување пред локалните судски власти, со цел да биде ослободен од притвор.

Засега нема информации дали ОАЕ се подготвени да го исполнат барањето на руските партнери на Божков.

Васил Божков избега од Бугарија на почетокот од овој месец. Против него веќе се покренати седум обвиненија, меѓу кои за предводење на организирана криминална група, за принуда, изнудување, за обид за поткуп на службено лице…

Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и има цел да врши принуда, изнудување, перење пари.

Некои материјали за бугарскиот тајкун содржат и информации за други незаконски дејствија – убиства, принуда и силување, за кои е покрената нова предистражна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.