Во Србија, во обвинителството за борба против високотехнолошки криминал, во петокот е сослушан Немања Стојиљковиќ (25) од Ниш кој е осомничен дека бил администратор на група на апликацијата Телеграм и дека јавно објавувал фотографии и видеа со порнографска содржина направени со искористување на малолетни лица.

Осомничениот ја презентираше својата одбрана, која ќе биде проверена во продолжение на кривичната постапка“, изјави обвинителството за Блиц.

По сослушувањето, обвинителството достави предлог до судијата по претходна постапка на Високиот суд во Белград да му одреди на Стојиљковиќ мерка забрането приближување, среќавање или комуницирање со неколку конкретни лица, како и за посетување одредени места поврзани со кривичното дело за кое се товари, додаваат од обвинителството.

Како што дознава Блиц, обвинителството ќе продолжи интензивно да работи со полицијата за утврдување докази за постоење кривично дело и одговорност на лицата, не само во врска со оваа група за комуникација преку социјалните мрежи, туку и други за кои има информации за евентуално извршување на кривични дела.

Стојиљкович е обвинет за кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетни лица за порнографија, соопшти српското МВР.

За ова дело, во зависност од начинот на извршување и последиците, можната казна се движи од парична казна и шест месеци затвор, до осум години затвор.

Истрагата за овој случај е покрената по наредба на министерот за внатрешни работи, Александар Вулин и директорот на полицијата, Владимир Ребиќ.

Воочи Меѓународниот ден на жената, на социјалните мрежи во Србија се појави веста дека на апликацијата за допишување Телеграм постои група, која собира дури 36.000 мажи од Балканот за споделување на ваква одмаздољубива порнографија.

Оваа група, наречена „Екс-Ју балканска соба“, по реакцијата на јавноста го сменила името и ги избришала сите објави. Сепак, дотогаш, во неа без дозвола биле споделувани приватни фотографии и снимки на девојки од Србија и други држави во регионот, како и лични податоци за нив, дури и адреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.