Односите меѓу Црна Гора и Србија се приоритет, изјави денеска црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос.

„Односите со Србија се приоритет – подготвени сме за интензивна соработка во сите области од заеднички интерес“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Абазовиќ напиша дека Црна Гора прави максимални напори да промовира политика на регионална соработка, помирување, соживот и подобри економски врски на Западен Балкан.сд/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.