Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференцијата на Главниот штаб истакна дека според последната мапа на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести), Хрватска е сè уште во водство – таа остана во портокаловата зона и бележи најнизок дневен раст на заразени.

Според резултатите од последното секвенционирање на примероците испратени на 20 јули, 13 проценти од примероците биле заразени со алфа варијанта, а 84 проценти со делта мутацијата, што значи дека уделот на новиот сој на коронавирус во Хрватска продолжува да расте, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференцијата на Главниот штаб истакна дека според последната мапа на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести), Хрватска е сè уште во водство – таа остана во портокаловата зона и бележи најнизок дневен раст на заразени.

Тој додаде дека има над милион туристи во Хрватска, што со себе носи зголемен ризик од пренесување на болеста, па затоа мора да има предупредувања да се придржуваат до мерките и вакцинациите, за да има безбеден туризам во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.