Едно возач загинал, а друг е повреден во страотна сообраќајна несреќа што се случила во близина на паркингот Зима на автопатот Е-57, во близина на Марибор, Словенија.

Според првичните информации, во несреќата учествувале четири камиони.

Засега се знае дека во несреќата загинал 54-годишен возач од Полска, а тешко е повреден возач од Босна и Херцеговина. Трет возач на камион добил полесни повреди.

Инцидентот се случил на десната лента каде што се формирала колона возила поради работи на патот. Полскиот камион со голема брзина удрил во колоната и истуркал два камиона пред него во трет камион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.