Албанската полиција во пристанишниот град Драч, запленила 26 килограми марихуна преработена во форма на чоколадо.

Дрогата била открена при вторатата контрола на автобус кој сообраќал на релација Драч- Италија.

Уапсени се три лица, двајцата возачи на автобусот, жители на Пермет и на Тирана и управителот на транспортната фирма, жител на Драч, на вораст од 31, 49 и 59 години.

Освен дрогата, како доказен матерјал запленето е возилото и шест мобилни телефони.

Случајот е предаден на обвинителството во Драч а ќе одговараат за кривично дело„недозволена трговија со дрога во соработка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.