Уште 250.000 дози вакцини „Спутник В“ пристигнаа синоќа во Србија, и тие веднаш беа транспортирани до Институтот Торлак, изјави Ненад Поповиќ, министер во српската влада и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

Вакцините беа доставени во Србија од фабриката Генериум во Владимирскиот регион“, рече Поповиќ.

Тој посочи дека руската вакцина „Спутник В“ има потврдена ефикасност од над 97 проценти.

’Спутник В’ е одлична и како ‘бустер’ вакцина, односно како трета доза од вакцината за граѓаните кои претходно примиле две дози од која било вакцина“, рече министерот Поповиќ.

Според него, вакцините ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија што е можно поскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.