Претседателот на бугарската „Фондацијата Македонија“, Виктор Стојанов, на кого од синоќа му е забранет влез во Македонија, преку Фејсбук нуди награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците кои вчера приведоа тројца бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир.

Тројцата Бугари вчера упатуваа недолични зборови и се обидоа да нападнат полицајци, разгневени поради тоа што системот на граничните премини не беше во функција речиси три часа. Тоа предизвика тензија на Деве Баир по што тие беа приведени, а групата што ги придружуваше одлучи да не влезе во Македонија.

Околу 150 бугарски државјани вчера организирано требаше да дојдат во Скопје на чествување на 151-годишнина од роденденот на револуционерот Гоце Делчев.

Тој доцна синоќа побара воведување економски санкции и ограничувања на Македонија додека Скопје не ја преиспита својата политика и однесување кон бугарската држава, бугарските граѓани и нејзините граѓани со бугарска самосвест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.