Фирмата „Медголд рисорсис“, само на една локација, во рамките на проектот „Тламино“, пронајде околу седум милиони тони руда со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато, пишува Нова Македонија. Вредноста на златните резерви се проценува на повеќе од милијарда долари. Почетните инвестиции за отворање на рудникот би изнесувале 136 милиони долари. Годишното производство би изнесувало од 75.000 до 132.000 унци, односно најмногу 3,73 тони од овој благороден метал.

Компанијата добила дозвола од Србија за истражни права на две локации: Доње Тламино и Сурлица Дукат. Двете локации се наоѓаат во непосредната близина на границата со Бугарија и со Македонија, во близината на Босилеград, на крајниот југоисток на Србија. Овој простор зафаќа површина од 100 квадратни километри.

Целиот текст на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.