Докторите од Брзата помош во истарскиот град Лабин во Хрватска денеска не успеаја да го спасат седумнаесет месечното дете и покрај неколкуте обиди за реанимација, пренесуваат хрватските портали.

Како што дознава „Јутарњи“, трагедијата се случила околу 13 часот во детски базен во домот на семејството на момчето. Родителителу веднаш го однеле детето во болница, но било предоцна.

Во тек е полициски увид за да се утврди како дошло до трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.