Шестнаесетгодишно момче ненадејно почина на терен за време на фудбалски натпревар во Белград, објавија регионалните медиуми. За време на натпреварот меѓу кадетските екипи на „Бараево“ и тимот „011“, на еден од играчите му се слошило за време на играта, а по реанимацијата лекарите констатирале смрт.

Само излезе од теренот и падна. Сите сме ужасно потресени од трагедијата што се случи и не можам да кажам многу повеќе, изјавил млад фудбалер од тимот „011“.

Според очевидци, момчето го напуштило теренот и паднало. И покрај обидите на лекарите за реанимација, момчето починало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.