Од клиниката за инфективни болести во Загреб, потврдено е присуство на коронавирусот кај уште едно лице, со што досега во Хрватска се потврдени 11 случаи на вирусот. Се работи за лице кое било во близок контакт со друг заболен од Вараждин.

Поради ситуацијата со коронавирусот, Хрватска веќе упати наредби кон училиштата да ги забрани сите излети надвор од земјата.

Сигурноста на учениците и работниците во училиштата мора да биде на прво место. Затоа испративме препораки до училиштата за одложување на сите патувања надвор од Хрватска барем во следниот еден месец, рече министерката за образование, Блаженка Дивјак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.