Под мотото ,,1 од 5 милиони”, насобраните маршираа низ центарот на Белград во знак на протест против политиките на претседателот Вучиќ и неговата влада.

Следниот протест е закажан за 16 јануари, кога се одбележува годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ.

Како и до сега , на чело на колоната беа тапани, а по нив камиони со озвучување од кои се слушаше повикот,,Излези и бори се “. Колоната помина и пред зградата на националната телевизија со барање да се појави информација за нив на програмата. Таму беа запалени и факели.

Освен во Белград, протести се одржаа и во Ниш, Крушевац, Нови Сад и другите поголеми градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.