Заев и СДСМ во очај ветуваат се и сешто и лаже. Денеска Заев во својата бледа и паушална прес конференција без сериозни планови и аргументи, со бројки исфрлени од ракав, по 1001 пат ги лаже граѓаните во однос на ветување проекти во предизборието, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Зоран Заев и СДСМ во очај ветуваат се и сешто и лаже. Денеска Заев во својата бледа и паушална прес конференција без сериозни планови и аргументи, со бројки исфрлени од ракав, по 1001 пат ги лаже граѓаните во однос на ветување проекти во предизборието, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ако земеме во предвид дека Зоран Заев ветуваше просечна плата од 500 евра, плата за докторите од 100.000 денари, плата за медицинските лица 50.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, јасно е според ова што не е остварено овој период, јасно е дека Зоран Заев се што вети денеска во делот на социјални проекти, нема да реализира апсолутно ништо и сето она што го говореше денеска се само лажни ветувања, како и се останато од паушални зборови исфрлени од ракав.

Денеска Зоран Заев ветува изградба на 777 социјални станови, бројка која што како што реков сигурно ја извадиле од ракав во знак на очај, еве јавно го прашуваме Зоран Заев која беше причината што до сега беа изградени барем половина од овие 777 социјални станови. Наспроти тоа, не се завршени ни оние коишто беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ветува 3 старечки домови, а сите знаеме кој беше проектот на СДСМ во однос на старечките домови со Меѓународниот Сојуз на веќе обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, кој е дел од најголемиот случај на Рекет во историјата на Република Македонија. Сега, Зоран Заев и СДСМ повторно ветуваат старечки домови, откако проектите на неговите градоначалници заедно со Меѓународниот Сојуз паднаа во вода, исто како што Боки 13 падна во притвор. Најверојатно сега нашле нов партнер за реализација на истиот проект којшто не успеа.

Заев зборува за правата на работниците, кои патем дури и во неговите фирми се пријавени на минимална плата, тоа е неколку пати објавено од страна на медиумите, а законите за работничките права беа донесени на шверцерски начин како и се останато, без согласност на Економско-социјалниот совет, кој е легитимно тело за заштита на работничките права и ги отфрли исто така мислењата на синдикатите. Затоа, нема компанија која е задоволна од законите на Заев или пак вработени кои успеваат да ги користат своите права и бенефиции што им следуваат“ порача Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.