Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска упати честитка по повод Новата година во која посакува успеси, совладани предизвици и нови перспективи.

-Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина, наведува во честитката.

Дколку  сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите што ги имаме,  вели гувернерката, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни.

-Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа. Нека ни се исполнат желбите што силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот, истакнува гувернерката во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.