Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, тогаш во функција на градоначалник на Струмица, го пречекува Бојан Јовановски, новиот претседател на „Меѓународниот сојуз“, како што вели, на обострано задоволство.

Видеото кое датира од 2017 година, на „Фејсбук“ повторно го сподели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој вели „Видео на Боки 13 кое Коста би сакал да исчезне“.

Огромно било задоволството на Коста што соработувале со Меѓународниот Сојуз кој што ги исполнувал СИТЕ стандарди на Европската Унија и со Боки 13 нашле ИСТ ЈАЗИК за сите точки? Од ова произлегла ДОЛГА и ПЛОДНА СОРАБОТКА. И Боки 13 чувствувал ОБОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО за соработката и му било ЗАДОВОЛСТВО што соработувал со млади луѓе како Коста со кого ќе работеле СПЛОТЕНО во заедничката МИСИЈA, коментира Стоилковски.

По притворањето на Бојан Јовановски за аферата „Рекет“, Костадинов, како и многумина од власта, се обиде да се дистанцира од блискоста со шоуменот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.