Доцна синоќа од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, информираа дека се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Македонија,

Оттаму соопштија дека одложувањето е поради поради неопходна дополнителна техничка документација, пренесе дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на Службите за соработка со медиумите на претседателот на Србија, се наведува дека вакцините ќе и бидат предадени на нашата земја во наредните денови.

Македонската Владина прес служба, исто така, информира дека настанот за кој се акредитираа новинари и фоторепортери за утре, се одлага за неопределено време.

Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.