Синдикатот на полицијата во Македонија со отворено писмо до новиот претседател на СДСМ и иден мандатар, Димитар Ковачевски.

Ви го пренесуваме во целост:

Ви праќаме отворено писмо до Вас се со цел поблиску да се запознаете со приликите (дел) внатре во Министерството за внатрешни работи предводено од актуелниот Министер Оливер Спасовски. Исто така тука ќе најдете работи кои единствено Ние како Синдикат ќе Ви ги презентираме и никој друг, причини однапред познати за нас. Следуваат вистинити тврдења и ставови зошто и од кои причини Спасовски НЕ ТРЕБА да биде дел од Владата која најверојатно Вие ќе ја предводите. Овие се вистински тврдења а не паушални онака како што некој во овој период додека ќе преземете наредни чекори сака да Ви наметнува. Не бараме ништо Бараме само од Вашите редови да ги проверите подоленаведените наши тврдења. Писмото го поделивме во два дела првиот дел малку „ироничен“ за да ја потикнеме Вашата заинтересираност а вториот е делот на жалната вистина во Министерстово за внатрешни работи….

Причини ЗОШТО Оливер Спасовски треба „да остане“ на чело во МВР…..
1. Да остане зошто не охрабри да се спротивставиме на неправдите.
2. Да остане затоа што ,да не беше тој немаше да ја откриеме нашата издржливост,способност и истрајност како вработени.
3. Да остане за да може СПМ секојдневно да воочува и критикува на неговите грешки.
4. Да остане,затоа што ни овозможи да откриеме на кој колега во лоши денови можеш да се потпреш а на кој и во добри воопшто не можеш да му веруваш.
5. Нека остане се додека не ги оспособи сите простории за пристојна работа, подеднакво за сите а СПМ секојдневно ќе му ги посочува. Најверојатно уште 30 и повеќе години.
6. Да остане зошто не научи како не треба да се постапува ,од хигиеничар до началник.
7. Да остане за да соодветно ги облече сите полициски службеници, не може во сред зима да ги остави на пола пат, со летна маици и пролетни чевли.
8. Да остане, за да биде слика и пример како не треба еден Министер да меша политика со професионализмот.
9. Да остане во име на љубовта, за да не се прекине врската помеѓу него и неговиот еден и единствен, самонаречен репрезентативен партнер, за која ваква љубовна врска сите од Министерството ќе жалиме.
10. Да остане и нека не се откажува, за да научи од СПМ што е тоа пркос, пожртвуваност, неуморност и сплотеност. Што е тоа што ги држи и обединува сите во Министерството.
11. Да остане затоа што овозможи да ги спознаеме своите вредности и повеќе да се цениме.
12. Спасовски треба да остане затоа што, да не беше тој, СПМ можеби никогаш немаше да се формира!

Поради кои причини Спасовски ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНЕ од МВР

Што побрзо тоа подобро. Причини!? Безброј… Спасовски?

Прогласен за идниот Министер на МВР ,што технички што вистински уште од 2016 година…
На прв поглед речит и демек учен. Го прифаќаш како нов лик кој е полн со ентузиазам и волен за крупни промени, од доброто ветува да биде уште подобро. Мислиш Швајцарија во мало ќе сме. Го слушаш и се воодушевуваш на неговите крупни идеи за промени. Толку убедливо зборува за идните негови вредности на квалитет и способност на новиот кадар кој ќе се постави во МВР. Така ти зборува да помислиш дека онаа минато повеќе годишно време навистина било “РЕЖИМ”. Па си велиш: Конечно некој се освести и се ќе си дојде на свое место. Така беше во 2016 година. А сега…..? Во што се претвори Министерството за внатрешни работи ако не РЕЖИМ??? Спасовски?
Поставува свој тим, повеќето „прибрани“ од улица, со не соодветно образование. Ајде си викаш може e во право, не им се дало шанса на луѓето во “РЕЖОМОT” да дојдат до израз, ги мразат политички, ќе бидат добри…. Даваш простор да се прилагодат, да се упатат, да прочешлаат, месец, два, година, две, три, пет, додека да се оправат. Но гледаш дека тимот што го избрал на раководни функции, едвај чекал да седне во фотеља и да ти ги покаже забите “Знаеш ли кој сум јас!… Сега или никогаш!” и се думаш од каде, од која „планина“ ги симна неизживеаните луѓе, но се надеваш и си мислиш дека грешиш во својата процека, па се оставаш на време. Се затвара кругот околу Спасовски од неговите избрани луѓе, на кои верно и слепо им верува на нивните зборови,па така кусогледо почнува и тој да постапува,без да се запраша , без да провери дали е точно, дали така треба.Што навистина се случува на терен? Колегите пиштат, врескаат, но гласот не допира до Спасовки,нема кој да ги слушне… Зар треба да зборуваме за незаконските решенија кој Спасовски и неговите советници ги даваа илјадници и илјадници во само еден месец на пример? Зар ова не е проверливо? За законите и притисоците на неговите советници тоа почитуван доколку побарате во друга прилика…
Бидејќи внатре во МВР се случуваат промени, но на полошо, неспособните на кои им е дадено власт и одврзани раце стануваат се повеќе гласни и побројни, па газат по се живо, по се што е со квалитет, со подобри визии, со долгогодишни докажани резултати. Го тапшаат Спасовски и подмолно се смеат за сета болка, сета штета што ја нанесуваат на подобрите од нив, мислејќи дека на тој начин ќе ги замолчат и сопрат, а тие ќе останат „вечни“.
Занесен од неговите неспособни тапшачи и упикувачи кои само гледаат да му се допаднат, ги остава да го маткаат или пак кој знае, можеби и тој е со таков ум, наместо да ја увиди својата грешка на изборот, ја прифаќа нивната игра и продолжува и самиот тој да ја води како главен лик.

Слушајќи го говорникот Спасовски, сваќаш дека и првиот настап и последниот после пет, шест години , нема некоја промена во својата реторика, па од тука извлекуваш заклучок дека, нити ја познава работата за која е избран за Министер, нити пак свесно размислува што треба да се подобри за да тргнат работите на подобро.
ЕДИНСТВЕН Министер во рамките на оваа Влада кој забранил синдикално делување на Синдикат. Да , почитуван забрани на Синдикат на Полиција во Македонија -СПМ. Уште првиот ден кога дојде на полицијата Министер ја сопре членарината на нашиот Синдикат. Затоа прашуваме зошто за нас да не важи паролата „ЖИВОТ ЗА СИТЕ?“. Па зар ние не сме луѓе? Преместувани наши синдикални преставници …. да не зборуваме долга е листата што се не ни се случуваше овие 16 месеци додека Спасовски е Министер…
Од грешка во грешка, Спасовски се одлучува својот срам по избор на раководен неспособен свој кадар , да го покрие, со тоа што се обидува да го менува надворешниот изглед на објектите.
Од улица за око на обичниот човек би било привлечно,по примамливо. Браво! Која хармонија е. Се впушта на изградба и фарбање на фасадите, реновирање на канцелариите на своите пулени, да им ги подобри условите за осумчасовното дремење и осмислување на нови пакости по канцелариите, но ништо не превзема за обичните теренски рабоници, оние кои се капнати од стоење на нозе, оние кои ги буткаат службените возила, за да запалат, навреме да стигнат и постапат по зададените задачи, оние на кои чевлите им протекуваат на најмалиот дожд, а најмалку достојно изгледаат со избледената униформа, која е за подсмев за најобичниот човек, дури се толку мизерни што самото појавување во јавноста предизвикува жалење и сочувство за нивната секојдевна состојба, мислиш маскембал се спрема. Безгласни и без авторитет, оние кои ја претставуваат државата!
Паралелно „некој“ го советува на секојдневни” фотошот” фотосесии за разни настани , не за друго, за да добро изгледа за окото на обичните, кои не знаат што се случува внатре, се сеќавате исто како со фасадите. Се појавува во капут налик на шинел, од доброизбран квалитетен штоф, пука од сјај скапа чевла на нозете, што би имало за цел да остави впечаток на стил, буржоазија, чиниш кралско семејство од Англија, но не забележува дека парадите на најелините единици се долку вештачки, униформите повеќе наликуваат на ефтини механичарки работни облеки. Се толку е вештачко што се воочува и изборот на возилата кои повеќе се музејски примероци за вакви паради од колку нешто што може секојдневно да се сретне на улиците во нашево државиче.
Набилдан со зборови од своите, најдобар, еден и единствен, наместо единство и обединување, тој на својата фан страна продолжува јавно да ја обавува функцијата Подпретседател на Вашата политичка партија.Толку се занесува со улогата од политиката, па наместо само Министер да биде – тоа што треба, продолжува да ја промовира и на терен, од градче во град, од едно маало во друга населба. Ветува, вработува без огласи, куварки, шанкери, регистрирани криминалци, земјоделци и спортисти, професори и текстилци, со еден збор „мамини и татини“. Нема што нема, се занимава со се но не само со најбитното – ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ во полицијата и почитување на правото.Толку се занесува што губи осет за годишните времиња, па наместо во летните, тој во зимските денови дели летни чевли, летни мајци и кошули…А неговите АФЕРА ДО АФЕРА, де фалц пасоши, де меѓународни криминали, за секојдневни срамни и незаконски испади и да не зборуваме!
Дека рејтингот им е испод нула и оваа година Спасовски ќе ја заокружи со пораз, разделија се што можеше да се подели и омрази меѓу себе, доказ се и новогодишните прослави овие денови. Не секој од раководните негови кадри се обиде, нити пак е толку миленик кај обичните полициски службеници, за да ОРГАНИЗИРА, направи забава за паметење со меѓусебни дружења, што се докажа со одкажување на прославите со изговор „поради КОВИД-19”, а гледаме дека кафеаните се преполни, дали една маса од дваесетина луѓе ќе е од некој полициски сектор, а останатите двесте ќе се обични гости, се полни места како за еден цел колектив. Но што да се прави, толку им е капацитетот,па си мислат дека сите останати ги убедиле во нивната измислена вистина!
А и со кои пари да се прославува, Почитуван Ковачевски!? Кога сите знаеме дека полициската плата нити се покачи, нити К-15 се доби, остана на дното од останатите општествени сектори, да не знаеш дали е минималец или испод просек…

Да кажеме збор, два за Дитректорот на Бирото на јавна безбедност кој сам си го намести покрај себе, Директор кој со „едно пукање“ во Собранието стана тоа што е денес. Директор кој и после години од неговото „владеење“ се уште верува и мисли дека му е „secirity boy“ на Оливер Спасовски …. И до ден денес верува дека е тоа. Да, единствено го бидува за неосновани суспендирања на колегите, неосновани дисциплински постапки……Знаете оние колеги кои не размислуваа како „нашите“. Доколку ќе зависи од Вас а најверојатно ќе зависи Ви предлагаме МЕТЛА и за Сашо и на него да дојде лик кој навистина ќе биде Директор на БЈБ.

Затоа можеби иден мантадоре Димитар Ковачевски ;

Внимателно избирајте на кој ќе му ја дадете својата поддржка да управува со „Вашата“ иднина. Внимателно избирајте го тимот, или тимот ќе ти ја стави круната или ќе си потпишете крај во неповрат.
НЕ Е ЗЛАТО СЕ ШТО СВЕТИ!

СИНДИКАЛЕН ПОЗДРАВ!

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.