Ние од Антимакедонскиот концепт имаме Вениш и за такви флеки.
Така што, Биљанче, ако во некое кафуле ти сервираат розев чај, знај дека дошло време и тебе да те размакедончиме.

Ова е само дел од статусот на „поетот“ Бранко Тричковски, кој своите закани овојпат ги упатува кон професорката Билјана Ванковска, за нејзината реакција на бордо боја дресовите.

Ова е порака на љубов, не е закана по живот, нели?, прашува саркастично професорката, имајќи предвид дека и покрај многуте тужби против овој голем поддржувач на Зоран Заев и СДСМ, тој останува недостижен за правдата.

За „политичката проза“ на Тричковски сме пишувале „поеми“ подолги и од „Сердарот“. Морбидни пораки, некролози, повикувања на убиство, линч, навреди, се само дел од работите кои ОЈО, власта и „освестената“ јавност му ги прогледува низ прсти на Тричковски.

Нешто ни вели дека и розевиот чај нема да му застане во грло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.