Во селото Мождивњак, Кривопаланечко, селаните со месеци чекале градоначалникот на Крива Паланка, соселанец, да го санира патот преполн со дупки. Кога виделе дека нема абер, собрале пари, купиле бетон и сами ги закрпиле дупките.

Градоначалникот и соселанец им испратил инспекција и им поднесува пријави за да ги казни за несовесно работење надвор од сите законски прописи. Или затоа што му ја завршиле работата и не сакале веќе да си ги кршат возилата… којзнае. Важно човекот одржал и прес-конференција за да не убеди дена не остана нормален во СДСМ и во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.