Катастрофа од невидени размери! Какви аматери Боже! ОДБИЛЕ учество во ЕЕЗ! Уште не ми се верува!, напиша на Фејсбук, револтираниот Роберт Милески, после обелоденувањето на Стево Пендаровски, дека Македонија добила покана за учество во Европската економска заедница, но ја одбила.
Само да ви објаснам што би добила Македонија. ЕЕЗ претставува заедница на држави во која членуваат освен сите земји на ЕУ, Швајцарија (со специјални договори), Норвешка, Исланд и Велика Британија. Членството овозможува слободен пристап до заедничкиот пазар на сите овие земји, слободно движење на стоки и услуги, како и слободно движење на работници! Освен овие бенефити, би можеле да станеме членки и на Шенген! Многу голем број од законите на ЕУ се имплементирани помеѓу овие држави.
Тоа би значело дека Македонија ќе може да оди напред економски, социјално и со зајакнување на правната држава. Би ни овозможило за краток период да се развиеме во нормална држава!
Ако имате дилеми, еве да ве прашам – дали се Норвешка, Исланд и Швајцарија будали што членуваат во ЕЕЗ!?
Искрено повеќе не ми се пишува за ништо. Ние сме дефинитивно промашена држава штом дозволуваме со неа да владеат вакви неуки аматери!, пишува на Фејсбук, Милески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.