Македонија оди на избори. Народот ќе го гласа новиот парламентарен состав  на 15 јули. Ова го потврдија лидерите на СДСМ Зоран Заев, и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.

На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.

Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба само за изборите.

-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.

Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.

Мицкоски потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули.Тој е убеден дека заедно со народот ќе го победат изворот на кризата, а тоа според него е Заев и СДСМ.

Заев пак посочи дека човекот е вреден и тежи онолку колку што му тежи зборот. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на опозицијата, Наум Столковски напиша:

Ништо повеќе не зависи од Зоран Заев. Се што кажа Зоран Заев не се исполни. Не му тежи зборот; и се посипа со пепел. Распука бетонот, следува убедлив пораз.

Под ова може да се види и видеото со неколку изјави и тврдења на Зоран Заев. Избори декември, март, 12 април и нема отстапки. Средината на јуни, 14 јуни, 21 јуни, во јули ќе биде топло. 5 јули е денот на изборите… 8 јули среда последна понуда…

Ништо повеќе не зависи од Зоран Заев. Се што кажа Zoran Zaev не се исполни. Не му тежи зборот; и се посипа со пепел. Распука бетонот, следува убедлив пораз.

Gepostet von Naum Stoilkovski am Montag, 15. Juni 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.