Само ќутекот вратете го и ќе се среди сè, коментира Башким Ферати, командир на вод од прва чета на ЕБР, на повиците на техничкиот премиер Oливер Спасовски до младите за почитување на мерките во борбата против коронавирусот.

Ќутек премиере само за таквите, вратете го ќутекот и ќе се среди сè, „советува“ Ферати.

Ферати е кадар на Мухамед Зеќири, а важи и за доста близок соработник на првиот човек на ЕБР, В.С., кој беше поставен токму од Спасовски во времето кога тој беше министер за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.