Во 1972 година режисерот Френсис Форд Копола го сними култниот филм „Кум“ со Марлон Брандо и Ал Пачино во главните улоги.

Филмот е адаптација на истоимениот роман, напишан од Марио Пузо и опфаќа период од 10 години (1945-1955) низ кои го следи италијанско-американското семејство Корлеоне.

„Кум“ ги доби наградите на Американската филмска академија за најдобар филм, најдобар актер и најдобро адаптирано сценарио и беше избран за чување во Националниот филмски регистар на САД. Рангиран е и како втор најдобар филм во историјата на американската кинематографија, зад „Граѓанинот Кејн“ на листата на „100 години … 100 филмови (10-то јубилејно издание)“ на Американскиот филмски институт и на второто место на листата „250 најдобри“ на IMDb, прв на листата на 100 најдобри сајтови „Метакритик“ и меѓу првите 10 на листата на најдобри филмови на сите времиња „Ротен Томатос“…

Филмот првично бил одбиен од италијанскиот режисер Серџо Леоне, кој пак, дванаесет години подоцна, сепак, го снимил криминалниот филм „Беше еднаш во Америка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.