Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант.

17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.

19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт. Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.

Родителите на девојката го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа на родителите им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка. Меѓутоа, според полицискиот извештај, таа заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше опсежна истрага и потрага по тинејџерката.

Елма наводно го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ја поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на Србинката.

Уапсениот Кениец имал германско државјанство, а поседувал и документи од својата земја. Тој чекал да му доделат стан и најчесто престојувал кај својата сестра во Бон, соопштија од полицијата.

Брајан од претходно ѝ бил познат на полицијата затоа што во неколку наврати бил приведуван поради кражби, ширење на порнографија и сексуално злоставување на дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.