Жбогар вика се уште немало резултати по препораките на УНЕСКО за спас на Охрид 🙂

А бе душо, знаеш ли ти кај си? Што попрво за две недели?! Па документот треба да се отвори, а интернетот у општина слаб, паѓа нон-стоп. Плус у некој формат е со фонт што не е инсталиран у компјутерот на секретарката, па не се чита. Викнат е информатичар да ја среди таа сложена работа. Уствари распишан е конкурс за хонорарни информатички услуги, да си биде се по закон, нели. Башка се кубури со хартија за печатење, се чека на тендерот за канцелариски материјали. А и ако успеале некако да се снајдат, да ги испринтаат препораките, може чекаат архивско бројче. Архиварката е на одмор, замената на боловање, а чуварот е со четврто одделение, не знае да пишува, само се јавува на телефон 🙂 Мислам, стварно треба да се има обзири. Чекај малку човече, кај брзаш? Ќе биде еден ден, полека 🙂 Брза кучка слепи кучиња раѓа :D, пишува на фејсбук Калина Коси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.