На денешната прес конференција по средбата со Пендаровски, Александар Вучиќ на прашањето што може да значи францускиот нон пејпер за Србија и Македонија, вели дека сите земји чекаат да станат членки на ЕУ и дека тоа не е спорно, но дека тие во Брисел не знаат што точно да прават со нас.

Ме прашувате дали се во Брисел сигурни дека знаат што ќе прават со себси или со нас, јас ќе ви кажам дека тие не се сигурни што сакаат со нас. Јас тоа на Зоран (Заев) му го кажав кога бевме во Нови Сад. Заев ме гледаше како да сум “шлакнат“ кога му кажав дека нема да му отворат преговори и бев во право, рече Вучиќ.

На ова реагираше твитер заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.