Џоковиќ е битна тема, не само ради него и тенисот туку и слободата на избор и движење. Можиме за вакцини да се согласуваме или не, сепак морето на информации кои беа преоптимистични, тврдења кои се побија за брзо за вакцините си го направија своето. И то е што е… Не сум доволно паметен да можам да сум сигурен ко порано дека то е прав чекор. Кој како љуби.

Дур вниманието ни е на друга страна на светот, дома ни се случува и во најава е колапс. Економски, шо ќе ја турни пандемијата во втор план.

– Веќе 10 дена струјата е поскапена за 10% (благодарение на владата инаку ќе беше појќе се разбира). Реакциите се веќњ готови, сите се помиривме, а и малку ни е ова шо ни го прат. Трезнењето ќе дојди со наредна сметка.
– До наредна сметка тука е инфлацијата. Цените растат од ден на ден, од недела на недела. Може и произволно, начекаа трговците слободен простор па дери. Шо би се рекло 1000-ката е нова стоденарка. И то ќе дојди за брзо за наплата.
– БЕГ на еден контроверзен бизнисмен, читај контроверза е како не е в затвор (по би рекол Венко Андоновски за него “Бог е градител, Чифлиганец гради, Чифлиганец е Бог” и сериозно го има ова кажано) си пушта парно како му одговара. Оптимизира шо ви се рекло. Ќе ги оптимизира и сметките, му подарија монопол.
– Поминаа и месеци од пожарот во Тетово. 14 мртви онака заборавени. Германски извештај нема, оставки немаше, одговорност ич. Тие кои беа одговорни сега тивко се пензионираат од политика. А шо да не, ко наполнија доволно за пензија по џебови.
– Заев исто тивко си заминува. Без драми, после пет години владеење. Во пет години клинец не е закован, освен табелите за името по го сменија. Успешно заедно со пците околу него се искраде шо имаше останато, не се направи ништо, криминалците од режимот на Груевски уште на слобода. За брзо и на власт. Се надевам нема да бидат вака меки ко вас и дека че покренат постапки и ревизии за работењето па мирната пензија ќе ја живеете во затвор. А ве има за таму многу. Од Заев до министри, па градоначалници, ситни лопови и ботови…

Сѐ на сѐ одвратна година во најава…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.