Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е три отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година номинално расте за пет отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 62,5 проценти.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем раст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17 отсто, во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,4 проценти, како и во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 7,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.