Зоран Љутков Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-ljutkov/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 10:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоран Љутков Archives - Република https://republika.mk/tema/zoran-ljutkov/ 32 32 Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-baku-ministerskiot-sostanok-e-pottik-za-vrakane-na-balansot-megu-turizmot-i-zhivotnata-sredina/ Wed, 20 Nov 2024 10:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=839859

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во Баку, Република Азербејџан, кој се одржува во рамките на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП29.

На овој висок собир, министрите разговараат за усогласување на политиките во областа на туризмот со ублажување на климатските промени и усвојување мерки за адаптација.

Говерејќи за улогата на овој еминентен состанок, министерот Љутков рече дека министрите имаат политичка, но и морална одговорност за преземање итна акција која ќе биде дел од глобалните напори за справување со климатските промени.

Затоа сите заедно мора да работиме на засилување на мерките против климатските промени. Но, пред сè, во едно сум сигурен: за да се постигне успех во справувањето со глобалните предизвици, потребни се голема посветеност и активно учество на сите нивоа: на власта, на приватниот сектор, на граѓаните и, секако, меѓународната соработка. Во тој контекст ќе подвлечам дека како Министерство за култура и туризам, и во иднина продолжуваме со заложбите за спроведување иновации и инклузивни стратегии во туризмот што ќе обезбедат не само економски развој, туку и заштита на природните ресурси и на културното наследство“, истакна Љутков.

Тој додаде дека иднината на туризмот е во хармонија со животната средина, а природните катастрофи, затоплувањето на водите, уништувањето на природните ресурси, урбанизацијата, се само дел од факторите што имаат сериозни влијанија врз туризмот, неговата инфраструктура и неговото одржување.

Во тој контекст, министерот Љутков ја издвои значајната улога на македонското Министерство за култура и туризам, кое преку Секторот за туризам, активно е вклучено во креирањето политики во туризмот, во заштитата на културното богатство, но ја подвлече и: „несебичната поддршка од Владата на Република Македонија за реализација на проекти со кои пред домашните и странските посетители ќе бидат претставени богатото културно наследство и туристичките потенцијали на нашата земја и на народот што живее на овие простори“.

Во духот на состанокот, каде што ќе биде усвоена Декларација за засилена климатска акција во туризмот од Баку, министерот Љутков го заврши своето обраќање со потенцирање на потребата од носење битни стратешки документи, соработка и имплементација на одржливи практики кои ќе овозможат светот да го создаде туризмот на иднината.

Затоа, оваа конференција нека биде поттик за нови акции и решенија што ќе го вратат балансот меѓу развојот на туризмот и заштитата на природата и животната средина“, порача министерот Љутков.

Организатор на состанокот е Претседателството на КОП29/ Државната агенција за туризам на Република Азербејџан, во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите нации и со поддршка од Програмата за животна средина на Обединетите нации.

The post Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во Баку, Република Азербејџан, кој се одржува во рамките на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП29. На овој висок собир, министрите разговараат за усогласување на политиките во областа на туризмот со ублажување на климатските промени и усвојување мерки за адаптација. Говерејќи за улогата на овој еминентен состанок, министерот Љутков рече дека министрите имаат политичка, но и морална одговорност за преземање итна акција која ќе биде дел од глобалните напори за справување со климатските промени.
Затоа сите заедно мора да работиме на засилување на мерките против климатските промени. Но, пред сè, во едно сум сигурен: за да се постигне успех во справувањето со глобалните предизвици, потребни се голема посветеност и активно учество на сите нивоа: на власта, на приватниот сектор, на граѓаните и, секако, меѓународната соработка. Во тој контекст ќе подвлечам дека како Министерство за култура и туризам, и во иднина продолжуваме со заложбите за спроведување иновации и инклузивни стратегии во туризмот што ќе обезбедат не само економски развој, туку и заштита на природните ресурси и на културното наследство“, истакна Љутков.
Тој додаде дека иднината на туризмот е во хармонија со животната средина, а природните катастрофи, затоплувањето на водите, уништувањето на природните ресурси, урбанизацијата, се само дел од факторите што имаат сериозни влијанија врз туризмот, неговата инфраструктура и неговото одржување. Во тој контекст, министерот Љутков ја издвои значајната улога на македонското Министерство за култура и туризам, кое преку Секторот за туризам, активно е вклучено во креирањето политики во туризмот, во заштитата на културното богатство, но ја подвлече и: „несебичната поддршка од Владата на Република Македонија за реализација на проекти со кои пред домашните и странските посетители ќе бидат претставени богатото културно наследство и туристичките потенцијали на нашата земја и на народот што живее на овие простори“. Во духот на состанокот, каде што ќе биде усвоена Декларација за засилена климатска акција во туризмот од Баку, министерот Љутков го заврши своето обраќање со потенцирање на потребата од носење битни стратешки документи, соработка и имплементација на одржливи практики кои ќе овозможат светот да го создаде туризмот на иднината.
Затоа, оваа конференција нека биде поттик за нови акции и решенија што ќе го вратат балансот меѓу развојот на туризмот и заштитата на природата и животната средина“, порача министерот Љутков.
Организатор на состанокот е Претседателството на КОП29/ Државната агенција за туризам на Република Азербејџан, во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите нации и со поддршка од Програмата за животна средина на Обединетите нации.  

The post Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за климатска акција во туризмот https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-vo-baku-ke-uchestvuva-na-prviot-ministerski-sostanok-za-klimatska-aktsija-vo-turizmot/ Tue, 19 Nov 2024 16:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=839676

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во рамки на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

- Претседателството на КОП29 за прв пат организира тематски ден за туризмот на кој учесниците ќе ја истакнат улогата, ранливоста и потенцијалот на туристичкиот сектор во справувањето со климатските промени, наведуваат од Министерството за култура и туризам.

Настанот е во организација на Претседателството на КОП29 / Државната агенција за туризам на Република Азербејџан во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите Нации и со поддршка на Програмата за животна средина на Обединетите Нации.

The post Министерот Љутков во Баку ќе учествува на Првиот министерски состанок за климатска акција во туризмот appeared first on Република.

Љутков: Ова е историски момент, локалитетот Растница ќе не однесе во европските институции и ќе даде една позначајна слика https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ova-e-istoriski-moment-lokalitetot-rastnitsa-ke-ne-odnese-vo-evropskite-institutsii-i-ke-dade-edna-poznachajna-slika/ Tue, 19 Nov 2024 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=839465

Сите сме сведоци на голем научно-истражувачки успех на локалитетот Растница, кој не само што фрла ново светло на археолошката историја на Македонија, туку претставува значаен придонес кон европското и светското археолошко наследство.

Во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.

Министерот Љутков вели дека ова е историски момент и активностите нема тука да застанат. Со Археолошкиот музеј на Македонија, Завод и музеј Охрид се прави анализа и ќе се направи извештај со кој ќе се информира Владата за ова наоѓалиште кое ќе отвори нова димензија и за Македонија и за археолозите, но и за самиот локалитет кој ќе не одведе во европските институции и ќе даде една позначајна слика.

https://www.youtube.com/watch?v=930q4KOy7Ng

Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на селото Корошишта, Струшко, открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид, а во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.

Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена. Ексклузивните наоди од пред 2.500 години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот, изјави министерот за култура Зоран Љутков при презентацијата на откриените осумдесеттина епохални наоди.

Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел од исклучително вредните археолошки предмети кои се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта.

Археолозите појаснуваат дека се работи за две гробници од кои едната со димензии седум на четири метри, на пет метри длабочина, што според артефактите и додатоците пронајдени укажува дека припаѓала на член на елитно семејство што владеело со регионот во тоа време.

Она што е мошне важно е што една од двете гробници е откриена во нечепната форма односно првпат отворена после период од над 2500 години. Дополнително е важно што истражувањата на локалитетот се спроведени од стручни лица, на најдобар можен начин согласно сите научни процедури.

Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални. Открието е монументално, и по самата гробница што во многу нешта ја надмина и познатата Требенишка некропола, но и по карактерот на наодите. Гробната архитектура според димензиите е импозантна и ги надминува според големината досега сите откриени Архајски гробници на Балканот, рече Арџанлиев, археолог-кустос во Археолошкиот музеј во Скопје.

Археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј.

Подготвија:
новинар: Невена Поповска
фото/видео: Александар Ивановски
монтажа: Александар Арсовски

The post Љутков: Ова е историски момент, локалитетот Растница ќе не однесе во европските институции и ќе даде една позначајна слика appeared first on Република.

]]>

Сите сме сведоци на голем научно-истражувачки успех на локалитетот Растница, кој не само што фрла ново светло на археолошката историја на Македонија, туку претставува значаен придонес кон европското и светското археолошко наследство. Во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време. Министерот Љутков вели дека ова е историски момент и активностите нема тука да застанат. Со Археолошкиот музеј на Македонија, Завод и музеј Охрид се прави анализа и ќе се направи извештај со кој ќе се информира Владата за ова наоѓалиште кое ќе отвори нова димензија и за Македонија и за археолозите, но и за самиот локалитет кој ќе не одведе во европските институции и ќе даде една позначајна слика. https://www.youtube.com/watch?v=930q4KOy7Ng Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на селото Корошишта, Струшко, открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид, а во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.
Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена. Ексклузивните наоди од пред 2.500 години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот, изјави министерот за култура Зоран Љутков при презентацијата на откриените осумдесеттина епохални наоди.
Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел од исклучително вредните археолошки предмети кои се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта. Археолозите појаснуваат дека се работи за две гробници од кои едната со димензии седум на четири метри, на пет метри длабочина, што според артефактите и додатоците пронајдени укажува дека припаѓала на член на елитно семејство што владеело со регионот во тоа време. Она што е мошне важно е што една од двете гробници е откриена во нечепната форма односно првпат отворена после период од над 2500 години. Дополнително е важно што истражувањата на локалитетот се спроведени од стручни лица, на најдобар можен начин согласно сите научни процедури.
Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални. Открието е монументално, и по самата гробница што во многу нешта ја надмина и познатата Требенишка некропола, но и по карактерот на наодите. Гробната архитектура според димензиите е импозантна и ги надминува според големината досега сите откриени Архајски гробници на Балканот, рече Арџанлиев, археолог-кустос во Археолошкиот музеј во Скопје.
Археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј.
Подготвија: новинар: Невена Поповска фото/видео: Александар Ивановски монтажа: Александар Арсовски

The post Љутков: Ова е историски момент, локалитетот Растница ќе не однесе во европските институции и ќе даде една позначајна слика appeared first on Република.

]]>
Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ekskluzivnite-naodi-od-pred-2-iljadi-i-petstotini-godini-go-zatsvrstuvaat-mestoto-na-makedonskata-arheologija-vo-svetot/ Fri, 08 Nov 2024 13:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=835600

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.

На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.

Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди  откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која  по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина.  Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст, рече министерот Љутков.

Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се  одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко  открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид.

Министерот изрази голема благодарност за одговорниот  пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.

Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на  регионалната, балканската и европската археолошка сцена, рече Љутков.

Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.

Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста.  Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион, рече Арџанлиев.

Инаку во  Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.

На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга,  Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.

The post Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот appeared first on Република.

Љутков: Сите членови на комисиите се врвни професионалци, колку сме потранспарентни, толку ќе бидат помали притисоците https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-site-chlenovi-na-komisiite-se-vrvni-profesionaltsi-kolku-sme-potransparentni-tolku-ke-bidat-pomali-pritisotsite/ Thu, 07 Nov 2024 12:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=835146

Како што е транспарентен целиот процес, и објавувањето на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес и критериумите што ги бараме, така одлучивме да ги објавиме и членовите на комисиите за оценување на пријавите. Сите членови се врвни професионалци во својата област, посочи денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета на Кинотека на Македонија, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека имал состанок со членовите на комисиите, при што им било кажано дека ќе бидат изложени на одредени притисоци, но колку е поголема транспарентноста, толку ќе бидат помали притисоците.

Бидејќи целиот процес е транспарентен, решивме да ги објавиме и членовите на комисиите, бидејќи тоа се и забелешките на Државниот завод за ревизија. На состанокот на сите им беше посочено дека можеби ќе бидат изложени на некакви притисоци. Што повеќе сме транспарентни, што повеќе сме отворени и независни во одлуките и имаме конкретни критериуми и точно знаеме што правиме, тогаш притисоците ќе бидат помали. После разговорот гледам никој не се откажа, никој немаше ништо против. Се надевам дека се ќе тече во најдобар ред. Ние сме тука како Министерство да ги заштитиме бидејќи тоа се врвни професионалци, рече Љутков.

На прашање кога ќе се распише конкурсот за креативни индустрии, министерот рече дека за многу брзо време ќе бидат објавени и другите конкурси.

Вчера имав прв состанок со новиот Совет на култура на министерот, така што за многу брзо време ќе ги објавиме и другите конкурси, посочи Љутков.

The post Љутков: Сите членови на комисиите се врвни професионалци, колку сме потранспарентни, толку ќе бидат помали притисоците appeared first on Република.

Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков https://republika.mk/vesti/kultura/formiran-sovetot-za-kultura-struchno-i-sovetodavno-telo-na-ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ Thu, 07 Nov 2024 09:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=835037

Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Членови на Советот за култура се: проф. д-р Ганка Цветанова, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.

[caption id="attachment_835039" align="alignnone" width="1620"] Зоран Љутков, министер за култура и туризам и проф. д-р Ганка Цветанова / Фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, истакнувајќи дека ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на нашата земја.

Денешнава седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја, бидејќи вашата улога не е само советодавна, туку и стратешка, зашто вашите препораки и иницијативи ќе бидат основа за важни одлуки кои ќе влијаат врз обликувањето на културните процеси во земјава. Од вашите забелешки, анализи, препораки и сугестии ќе зависат многубројни одлуки и затоа сум убеден дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на нашето културно наследство, рече министерот Љутков.

Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.

The post Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

Љутков во работна посета на Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-vo-rabotna-poseta-na-kinoteka/ Thu, 07 Nov 2024 08:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=834997

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе оствари работна посета на Кинотека на Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.

Како што соопштија од Министерството, посетата на Љутков е во рамките на агендата за посета на институциите од областа на културата. 

The post Љутков во работна посета на Кинотека appeared first on Република.

Министерот Љутков се сретна со новиот евроамбасадор Михалис Рокас https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-se-sretna-so-noviot-evroambasador-mihalis-rokas/ Wed, 06 Nov 2024 09:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=834641

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со новиот евроамбасадор, Михалис Рокас, соопштија од Министерството.

На средбата, министерот Љутков потенцираше дека соработката со ЕУ e еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Тој истакна дека Македонија вложува значителни напори во развојот на културниот и туристичкиот потенцијал на земјава, особено на заштитата на културното наследство, при што поддршката од ЕУ во овој процес е од клучна важност за понатамошниот раст на економијата и за меѓународна промоција на земјава.

Во тој контекст, соговорниците разменија и мислења и ставови за унапредување на соработката во областа на културата и туризмот, а разговараа и за можностите за натамошно зацврстување на партнерството со ЕУ во овие два клучни сектори.

На средбата стана збор и за начините и можностите за искористување на европските фондови за финансирање проекти кои ќе ги подобрат културните и туристичките капацитети на земјава преку разни инцијативи во овие области.

Амбасадорот Рокас нагласи дека соработката и помошта во реализацијата на проектите, како што се реконструкцијата на Шалтер-салата на Поштата која треба да прерасне во мултифункционален центар и манифестацијата „Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година“, ќе придонесат за дополнително зацврстување на односите меѓу Македонија и Европската Унија.

На крајот, министерот Љутков му посака успешна дипломатска мисија на евроамбасадорот Рокас и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи и соработката во областа на културата и туризмот со Европската Унија ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.

The post Министерот Љутков се сретна со новиот евроамбасадор Михалис Рокас appeared first on Република.

Креативните индустрии ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа, рече Љутков во рамки на Платформата „100% Посветено на тебе“ https://republika.mk/vesti/kultura/kreativnite-industrii-gi-gledame-mozhnost-za-ekonomski-razvoj-i-promotsija-na-zemjava-kako-prepoznatliva-destinatsija-na-kulturnata-karta-na-evropa-reche-lutkov-vo-ramki-na-platformata-100-posveteno-n/ Mon, 28 Oct 2024 11:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=831654

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната трибина во рамки на Платформата „100% Посветено на тебе – Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, говореше за проблемите и предизвиците се кои се соочи по преземањето на функцијата, а кои бараа посветеност, време и квалитетни решенија се со цел да се санираат последиците и да се постигнат важни решенија.

Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурани институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“, информираше министерот Љутков.

За надминување на состојбите, со ребалансот на буџетот, рече министерот, обезбедени се дополнителни средства за регулирање на долгот по основ на неисплатени плати согласно Колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и средства за регрес за локалните установи, средства за осигурување на институциите, за програмски активности, за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK во НУБ, за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи, а посветено се работеше и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на нашето културно наследство.

Љутков го истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјава.

Уникатното културното, духовно и историско богатство кое го поседуваме, со својот широк спектар е особено значајно за туристичката понуда. Креативните индустрии пак ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.

Предизвиците и можностите кои со себе ги носи туризмот, според министерот, се начинот пред светот да биде раскажана македонската приказна и ќе овозможат системско подобрување на условите во овој сектор. Во тој контекст беше истакната и соработката со германскиот туроператор, компанијата „РСД“ , партнерство кое почнувајќи од февруари идната година ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно.

The post Креативните индустрии ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа, рече Љутков во рамки на Платформата „100% Посветено на тебе“ appeared first on Република.

Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ https://republika.mk/vesti/makedonija/lutkov-vo-prethodnite-sedum-osum-godini-golem-del-od-proektite-se-deleni-od-rakav/ Fri, 18 Oct 2024 19:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=828633

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени.

Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година.

Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.

Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.

ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.

Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.

За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите.

За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура и туризам ќе направи попис на книгите печатени од издавачките проекти до 2017 година и на сите сувенири произведени во рамки на проектот „Скопје 2014“ кои се чуваат по подруми и депоа. Извештајот ќе биде презентиран на седница на Влада за да се одлучи каде тие ќе бидат распределени. Министерот Зоран Љутков, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, рече дека нивната дистрибуција била стопирана во 2017 година, кога СДСМ ја презел власта, и дека тој ќе се заложи тие книги да излезат на виделина. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештај за 2023 година што го објави пред три дена, наведе дека без попис и дистрибуција има стотици илјади примероци кои потекнуваат од 17 капитални проекти за печатење книги реализирани помеѓу 2009 и 2019 година. Љутков бил известен дека милион и пол книги од овие проекти се сместени во депоата во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во Музејот на Македонија се складирани стотици илјади сувенири од проектот „Скопје 2014“.
Без основ се затворени во депоата. До 2017 година имало начин како тие книги и сувенири да се дистрибуираат. Но, во 2017-2018, при преземањето на власта од Социјалдемократскиот сојуз, стопирани се сите проекти. Имаме план, во наредниот период ќе добиеме извештај, бидејќи се пребројуваат сувенирите, и уште еднаш ќе направиме попис и на книгите, јас ќе поднесам информација на Влада и ќе донесеме одлука дали тие ќе одат во библиотеките, дали ќе одат како подароци... При првата посета на НУБ реков дека јас овие книги ќе ги извадам на виделина. Гревота е книги со таков квалитет, такви класици, таква белетристика, литература од секаков вид, да стои затворена, рече Љутков.
ДЗР во објавениот извештај за работата на Министерството за култура во 2023 наведе и дека 318 милиони денари биле исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба.
Звучи страшно, веројатно таков ќе биде извештајот и до половината за 2024 година зашто ги имавме истите критики и за конкурсот што беше објавен во 2024. Бидејќи реално, во претходните седум-осум години немаме јасно дефинирани правила и критериуми како се делат проектите од национален интерес и затоа сме реагирале дека голем дел од проектите се делени „од ракав“. И веројатно од тие причини извештајот е точен и конкретен, изјави министерот.
За новиот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025, кој е во тек и трае до крајот на месецов, посочи дека точно ќе се знае кој за што може да конкурира зашто, како што рече Љутков, се поставени јасни правила и критериуми, бодување и се определени максималните суми. Љутков нагласи и дека 18 дена по објавувањето на конкурсот, немало реакции за новините во начинот на финансирањето на проектите. За да се контролираат дадените средства, проектите не само што ќе бидат избрани, туку ќе има и евалуација за реализацијата, а вработените во Министерството одблиску ќе го следат процесот. Наредната недела ќе ги објават и членовите на комисиите кои ќе ги одобрат проектите и понатаму ќе ги следат.

The post Љутков: Во претходните седум-осум години голем дел од проектите се делени „од ракав“ appeared first on Република.

]]>
Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура https://republika.mk/vesti/skopje/prezemaneto-na-izgradbata-na-univerzalna-sala-od-grad-skopje-ke-potrae-do-chetiri-mesetsi-veli-ministerot-za-kultura/ Fri, 18 Oct 2024 19:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=828625

Министерот Зоран Љутков очекува дека три-четири месеци ќе потраат процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзалната сала.

Како што рече Љутков во Дневникот на ТВ Сител, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во Министерство за култура и туризам.

Мора да се направи промена на закони, има пет-шест чекори кои треба да се направат. Тоа можеби ќе потрае три-четири месеци... Проектот е во ред, не го оспоруваме, немаме ништо против изведувачот кој досега ги изведувал работите, во првата фаза, рече Љутков.

Министерот посочи дека изведувачот можеби нема да биде ист и за втората фаза од проектот, која е стопирана.

Значи, повторно ќе се распише тендер, бидејќи проектот не е целосно затворен. Во проектот го нема уредувањето на платото и го нема мебелот во Универзална сала. Ќе побараме да се направи и тоа за да имаме проект „клуч на рака“, рече министерот.

Љутков соопшти и дека помеѓу првата и втората фаза се уште немаат извештај за настанатата штета, немаат пресек што е направено и ја немаат проценетата вредност на вкупниот објект.

Министерот за култура одговори потврдно на прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога треба да биде Европска престолнина на културата, со оглед на процедурите што претстојат.

Подобро да оди побавно,, но легално „и така како што треба“. Ако продолжиме вака, јас носам кривична одговорност и ќе бидам оспоруван и нема да го имаме проектот ни до 2028 година кога Скопје треба да биде Европска престолнина на културата, додаде министерот.

Љутков соопшти дека за 20-ина дена Министерството за култура треба законски да го преземе секторот туризам кој досега беше дел од Министерството за економија.  Потоа ќе почнат да работат на програмата за туризам за 2025 година, како и на заедничкото работење односно промоција на културниот туризам.

Љутков додаде дека кога ќе го преземат целиот ресор кај нив, ќе почнат да работат на стратегија за туризам.

The post Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура appeared first on Република.

]]>

Министерот Зоран Љутков очекува дека три-четири месеци ќе потраат процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзалната сала. Како што рече Љутков во Дневникот на ТВ Сител, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во Министерство за култура и туризам.
Мора да се направи промена на закони, има пет-шест чекори кои треба да се направат. Тоа можеби ќе потрае три-четири месеци... Проектот е во ред, не го оспоруваме, немаме ништо против изведувачот кој досега ги изведувал работите, во првата фаза, рече Љутков.
Министерот посочи дека изведувачот можеби нема да биде ист и за втората фаза од проектот, која е стопирана.
Значи, повторно ќе се распише тендер, бидејќи проектот не е целосно затворен. Во проектот го нема уредувањето на платото и го нема мебелот во Универзална сала. Ќе побараме да се направи и тоа за да имаме проект „клуч на рака“, рече министерот.
Љутков соопшти и дека помеѓу првата и втората фаза се уште немаат извештај за настанатата штета, немаат пресек што е направено и ја немаат проценетата вредност на вкупниот објект. Министерот за култура одговори потврдно на прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога треба да биде Европска престолнина на културата, со оглед на процедурите што претстојат.
Подобро да оди побавно,, но легално „и така како што треба“. Ако продолжиме вака, јас носам кривична одговорност и ќе бидам оспоруван и нема да го имаме проектот ни до 2028 година кога Скопје треба да биде Европска престолнина на културата, додаде министерот.
Љутков соопшти дека за 20-ина дена Министерството за култура треба законски да го преземе секторот туризам кој досега беше дел од Министерството за економија.  Потоа ќе почнат да работат на програмата за туризам за 2025 година, како и на заедничкото работење односно промоција на културниот туризам. Љутков додаде дека кога ќе го преземат целиот ресор кај нив, ќе почнат да работат на стратегија за туризам.

The post Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура appeared first on Република.

]]>
Од годинава светот го одбележува Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство https://republika.mk/vesti/kultura/od-godinava-svetot-go-odbelezhuva-megunarodniot-den-na-nematerijalnoto-kulturno-nasledstvo/ Thu, 17 Oct 2024 14:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=828104

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, при што ја истакна неговата вредност како духовно богатство на еден народ и сведок за неговиот идентитет и опстојување.

Тој потсети дека за да се заштитат нематеријалните културни вредности од глобализацијата и од брзите општествени промени, УНЕСКО во 2003 година ја усвои Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, нагласувајќи ја неговата важност како основа на културната разновидност.

Минатата година, при одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од донесувањето на Конвенцијата, 17 октомври беше прогласен за Меѓународен ден на нематеријалното културно наследство, со што уште еднаш беше потврдена заложбата на државите членки за подигнување на свеста за зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство во меѓународни рамки.

Денеска, кога за првпат светот го одбележува овој ден, министерот Љутков ги истакна досегашните искуства на нашата држава: Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО, и тоа: „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет Маченици во Штип“ (2013 год.), „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 год.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 год.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко“ – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита. Тој искажа уверување дека досегашните позитивни искуства и овие впишани нематеријални добра и во иднина ќе бидат предизвик за експертите кои го проучуваат нематеријалното културно наследство, затоа што тоа ни припаѓа на сите нас, но и на целото човештво.

На настанот, организиран од Комисијата за култура и туризам при Собранието го отвори претседателката Саранда Имери-Стафаи, а говореа и Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието, Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство.

The post Од годинава светот го одбележува Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, при што ја истакна неговата вредност како духовно богатство на еден народ и сведок за неговиот идентитет и опстојување. Тој потсети дека за да се заштитат нематеријалните културни вредности од глобализацијата и од брзите општествени промени, УНЕСКО во 2003 година ја усвои Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, нагласувајќи ја неговата важност како основа на културната разновидност. Минатата година, при одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од донесувањето на Конвенцијата, 17 октомври беше прогласен за Меѓународен ден на нематеријалното културно наследство, со што уште еднаш беше потврдена заложбата на државите членки за подигнување на свеста за зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство во меѓународни рамки. Денеска, кога за првпат светот го одбележува овој ден, министерот Љутков ги истакна досегашните искуства на нашата држава: Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО, и тоа: „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет Маченици во Штип“ (2013 год.), „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 год.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 год.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко“ – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита. Тој искажа уверување дека досегашните позитивни искуства и овие впишани нематеријални добра и во иднина ќе бидат предизвик за експертите кои го проучуваат нематеријалното културно наследство, затоа што тоа ни припаѓа на сите нас, но и на целото човештво. На настанот, организиран од Комисијата за култура и туризам при Собранието го отвори претседателката Саранда Имери-Стафаи, а говореа и Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието, Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство.  

The post Од годинава светот го одбележува Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство appeared first on Република.

]]>
Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-liderstvoto-na-mladite-e-vazhna-alka-za-kulturata-kako-prioritet-za-ostvaruvane-globalen-mir/ Fri, 11 Oct 2024 12:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=825524

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид се обрати на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов.

Говорејќи на темата: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, Љутков ги охрабри младите, порачувајќи дека тие се двигател на иднината, тие ја имаат силата да донесат промени и да ја обликуваат иднината со визија и храброст. „Лидерството не е титула, туку акција. Бидете храбри, верувајте во себе и инспирирајте го светот со вашата енергија, страст и решителност, рече министерот Љутков.

Искуствата што учесниците на Школата за млади лидери ги стекнуваат имаат драгоцено значење, особено кога се работи за конкретни теми, и затоа министерот Љутков објасни: „Македонија како членка на Обединетите нации ја спроведува Агендата за одржлив развој за 2030 година, која признава дека мирот и безбедноста се предуслови за постигнување одржлив развој, но и дека одржливиот развој го обезбедува патот кон мирни општества. Младите се високо во оваа агенда. Потребни се итни мерки кои ќе обезбедат мир и хумани општества. Културата во овие процеси има едно од централните места. Таа мора да се стави во приоритетите на развојните политики зашто како белег на идентитетот на едно општество е често на удар“, акцентираше министерот за култура и туризам.

Министерот Љутков истакна дека културата е особено ранлива категорија, но, од друга страна, културата е силно оружје за глобално обединување на човештвото. „Токму таква сила има културната дипломатија што ја поседува таканаречената ’мека моќ‘ за создавање на врските меѓу државите. Нејзината цел е преку размена на уметност, на јазик и традиција да поттикне позитивни односи меѓу народите. Културната дипломатија овозможува поголемо разбирање и надминување на стереотипите, градење доверба и пријателски односи меѓу различни заедници, надминување на конфликтите од секаков вид. Затоа е неизбежна врската меѓу културата и глобалниот мир“, говореше Љутков на темата на годинашната сесија на Школата за млади лидири.

Пред присутните панелисти од повеќе институции од светот и учесниците на Школата за млади лидери, министерот Љутков мотивирачки им се обрати на младите велејќи дека светот е полн со неизвесност, но тој истовремено изобилува со потенцијал што мора да биде искористен. Затоа, додаде тој, вештините и визијата на младите се алатките што можат да ја надминат неизвесноста и да ја претворат во можности. Тој се осврна на значењето на знаењето и на мудроста во процесот на созревање на младите, но ги охрабри и во поглед на одржувањето баланс помеѓу личниот и професионалниот живот. „Важно е да се сетите зошто сте започнале. Што е тоа што ве мотивирало да станете лидери? Кога ќе се вратите на таа основна мотивација, ќе ја најдете вашата сила повторно“, рече министерот Љутков на сесијата во Охрид.

Вториот форум за културна дипломатија на Школата за млади лидери, со тема: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, започна со обраќањата на: Ивица Боцевски, специјален претставник на македонската Влада за време на унгарското претседателство со ЕУ, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На Форумот учествуваа високи претставници од земји од светот, од УНЕСКО, од Европскиот парламент, министри и амбасадори.

The post Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид се обрати на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов.
Говорејќи на темата: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, Љутков ги охрабри младите, порачувајќи дека тие се двигател на иднината, тие ја имаат силата да донесат промени и да ја обликуваат иднината со визија и храброст. „Лидерството не е титула, туку акција. Бидете храбри, верувајте во себе и инспирирајте го светот со вашата енергија, страст и решителност, рече министерот Љутков.
Искуствата што учесниците на Школата за млади лидери ги стекнуваат имаат драгоцено значење, особено кога се работи за конкретни теми, и затоа министерот Љутков објасни: „Македонија како членка на Обединетите нации ја спроведува Агендата за одржлив развој за 2030 година, која признава дека мирот и безбедноста се предуслови за постигнување одржлив развој, но и дека одржливиот развој го обезбедува патот кон мирни општества. Младите се високо во оваа агенда. Потребни се итни мерки кои ќе обезбедат мир и хумани општества. Културата во овие процеси има едно од централните места. Таа мора да се стави во приоритетите на развојните политики зашто како белег на идентитетот на едно општество е често на удар“, акцентираше министерот за култура и туризам. Министерот Љутков истакна дека културата е особено ранлива категорија, но, од друга страна, културата е силно оружје за глобално обединување на човештвото. „Токму таква сила има културната дипломатија што ја поседува таканаречената ’мека моќ‘ за создавање на врските меѓу државите. Нејзината цел е преку размена на уметност, на јазик и традиција да поттикне позитивни односи меѓу народите. Културната дипломатија овозможува поголемо разбирање и надминување на стереотипите, градење доверба и пријателски односи меѓу различни заедници, надминување на конфликтите од секаков вид. Затоа е неизбежна врската меѓу културата и глобалниот мир“, говореше Љутков на темата на годинашната сесија на Школата за млади лидири. Пред присутните панелисти од повеќе институции од светот и учесниците на Школата за млади лидери, министерот Љутков мотивирачки им се обрати на младите велејќи дека светот е полн со неизвесност, но тој истовремено изобилува со потенцијал што мора да биде искористен. Затоа, додаде тој, вештините и визијата на младите се алатките што можат да ја надминат неизвесноста и да ја претворат во можности. Тој се осврна на значењето на знаењето и на мудроста во процесот на созревање на младите, но ги охрабри и во поглед на одржувањето баланс помеѓу личниот и професионалниот живот. „Важно е да се сетите зошто сте започнале. Што е тоа што ве мотивирало да станете лидери? Кога ќе се вратите на таа основна мотивација, ќе ја најдете вашата сила повторно“, рече министерот Љутков на сесијата во Охрид. Вториот форум за културна дипломатија на Школата за млади лидери, со тема: „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, започна со обраќањата на: Ивица Боцевски, специјален претставник на македонската Влада за време на унгарското претседателство со ЕУ, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На Форумот учествуваа високи претставници од земји од светот, од УНЕСКО, од Европскиот парламент, министри и амбасадори.  

The post Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-na-otvoraneto-na-golemata-izlozhba-na-rembrant-vo-viena/ Tue, 08 Oct 2024 10:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=824168

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.

Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.

На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија. Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен. На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност. Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>
Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ushte-nema-novost-od-obvinitelstvoto-za-trosheneto-na-budhetski-pari-od-strana-poraneshnata-ministerka-za-kultura/ Wed, 02 Oct 2024 11:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=821761

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска потенцираше дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие, изјави Љутков за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, одговорајќи на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска потенцираше дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. -Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие, изјави Љутков за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, одговорајќи на новинарско прашање. ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура appeared first on Република.

]]>
Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-poshta-ke-bide-multifunktsionalen-kompleks-podgotven-i-za-potrebite-na-skopje-evropska-prestolnina-na-kulturata/ Wed, 02 Oct 2024 11:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=821758

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта. Како што најави, таа ќе има намена за мултифункционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс, изјави денеска Љутков за време на посетата на НУ Национална опера и балет, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече, формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам.

На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен.

The post Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска посочи дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта. Како што најави, таа ќе има намена за мултифункционален комплекс кој што ќе биде подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.
Ние веќе разговаравме со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, пред тој да замине од функцијата. Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николовски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, ќе има намена за мултифункционален комплекс, изјави денеска Љутков за време на посетата на НУ Национална опера и балет, во одговор на новинарско прашање.
Како што рече, формирана е работната група и треба да почне да работи. Работната група е сочинета од претставници и од Европски комисија, од Министерство за транспорт и врски и од Министерство за култура и туризам. На новинарско прашање во врска со креативните индустрии, Љутков најави дека ќе следува посебен конкурс, на кој што во моментов се работи и набргу ќе биде објавен.

The post Љутков: Пошта ќе биде мултифункционален комплекс подготвен и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ appeared first on Република.

]]>
Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа https://republika.mk/vesti/kultura/ke-dademe-golema-poddrshka-za-sanatsija-na-objektot-na-natsionalnata-opera-i-balet-izjavi-ministerot-lutkov-po-posetata-na-natsionalnata-ustanova/ Wed, 02 Oct 2024 10:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=821731

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја.

Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет.

[caption id="attachment_821733" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.

На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.

Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси, рече министерот Љутков.

Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани.

[caption id="attachment_821734" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија.

Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори.

Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

The post Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја. Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет. [caption id="attachment_821733" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]
Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.
На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.
Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси, рече министерот Љутков.
Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани. [caption id="attachment_821734" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption] Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија. Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори. Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

The post Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа appeared first on Република.

]]>
Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-na-misterski-sostanok-platformite-na-eu-za-zapaden-balkan-za-obrazovanie-inovatsii-i-kultura-se-silna-altka-za-megusebna-sorabotka/ Mon, 30 Sep 2024 11:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=821034

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура.

На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот.

Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.

Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.

Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.

Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура. На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот. Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.
Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.
Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.   Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.  

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>
Љутков: Скопје ќе има Универзална сала, но на законски и легален начин https://republika.mk/vesti/skopje/lutkov-skopje-ke-ima-univerzalna-sala-no-na-zakonski-i-legalen-nachin/ Sun, 29 Sep 2024 16:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=820780

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите криминали“ што се направени.

Тоа ќе биде откако работните групи што се формирани ќе ги завршат своите анализи и ќе дадат извештај за целата постапка. Рече дека изградбата засега е стопирана зашто не се знае во чие владение е салата, но дека Скопје ќе има Универзална сала за 2028 кога ќе биде Европски град на културата.

Ние како министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги финализираме работите и ќе ја кажеме точната ситуација за Универзална сала, на посебна прес-конференција ќе ја појасниме постапката од почеток до крај за да не бидат во заблуда ни граѓаните, ниту институциите. Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и ќе ја има на законски и легален начин. Ова што е направено до сега е незаконски и нелегално, подлежи на кривични пријави. Ние ќе го запреме ваквото дивеење и незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде Европската престолнина на културата со нова Универзална сала и ќе се гордее со неа затоа што ќе биде изработена законски, истакна Љутков.

Во однос на тоа дали е загрозен статусот на Охрид во УНЕСКО, министерот одговори дека се направени работни групи и пред две недели на седница на Владата е изгласана нова Национална комисија за УНЕСКО. Така што, рече тој, потребно е малку време за да се формираат и посебните комисии по што ќе може да се соопшти каков е статусот на Охрид и Охридскиот Регион во оваа организација на ОН.

The post Љутков: Скопје ќе има Универзална сала, но на законски и легален начин appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите криминали“ што се направени. Тоа ќе биде откако работните групи што се формирани ќе ги завршат своите анализи и ќе дадат извештај за целата постапка. Рече дека изградбата засега е стопирана зашто не се знае во чие владение е салата, но дека Скопје ќе има Универзална сала за 2028 кога ќе биде Европски град на културата.
Ние како министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги финализираме работите и ќе ја кажеме точната ситуација за Универзална сала, на посебна прес-конференција ќе ја појасниме постапката од почеток до крај за да не бидат во заблуда ни граѓаните, ниту институциите. Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и ќе ја има на законски и легален начин. Ова што е направено до сега е незаконски и нелегално, подлежи на кривични пријави. Ние ќе го запреме ваквото дивеење и незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде Европската престолнина на културата со нова Универзална сала и ќе се гордее со неа затоа што ќе биде изработена законски, истакна Љутков.
Во однос на тоа дали е загрозен статусот на Охрид во УНЕСКО, министерот одговори дека се направени работни групи и пред две недели на седница на Владата е изгласана нова Национална комисија за УНЕСКО. Така што, рече тој, потребно е малку време за да се формираат и посебните комисии по што ќе може да се соопшти каков е статусот на Охрид и Охридскиот Регион во оваа организација на ОН.

The post Љутков: Скопје ќе има Универзална сала, но на законски и легален начин appeared first on Република.

]]>
Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-podgotvuva-natsrti-za-nov-zakon-za-kultura-i-za-nova-natsionalna-strategija/ Sun, 29 Sep 2024 11:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=820733

Нов закон за култура подговува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.

-Вработените во Министерството работат на нацртот на новиот закон кој сега ќе го имаме прво како еден вид контура и реални потреби коишто ќе ги имаат уметниците, а подоцна, се разбира, ќе имаме и поширока дебата. И како што беа опфатени голем број невладини организации, здруженија и поединци во делот на конкурсите, така ќе бидат опфатени во една поширока дебата и за законот, и не само за законот, туку и во изработката на стратегијата за култура, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата кои ќе бидат отворени за аплицирање од утре до крајот на октомври.

Посочи дека предлог-законот за култура од минатата влада е повлечен од процедура во Собранието затоа што, подвлече, и самите предлагачи сфатиле дека не е добар.

-Тој Предлог-законот за остварување јавен интерес во културата мислам беше предложен во 2018. Ние имавме големи реакции за текстот  и како тогашна опозиција не дадовме поддршка и баравме да се направат големи измени. Подоцна тие самите сфатија дека тој закон не е добар бидејќи имаше реакција и од културните работници,  од синдикатите и од опозицијата. Не е заглавен во некои процедури, туку е целосно повлечен од Собранието, колку што имам информација, изјави Љутков.

На прес-конференцијата тој соопшти дека меѓу приоритетите на Министерството за култура и туризам е и изработка на нова Национална стратегија за култура бидејќи важноста на претходната истече во 2022 година.

-Во најкус можен рок ќе предложиме нацрт-текст на овој најважен стратешки документ од областа на културата, кој по консултации со сите засегнати страни, со еден широк консензус планираме да го донесеме во првата половина на 2025 година, соопшти ресорниот министер.

The post Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија appeared first on Република.