загадување на воздух Archives - Република https://republika.mk/tema/zagaduvane-na-vozduh/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадување на воздух Archives - Република https://republika.mk/tema/zagaduvane-na-vozduh/ 32 32 Во просек, ги надминуваме препораките на СЗО скоро за двапати, покажа истражувањето за загадување на воздухот во училишта и градинки во пет општини во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-prosek-gi-nadminuvame-preporakite-na-szo-skoro-za-dvapati-pokazha-istrazhuvaneto-za-zagaduvane-na-vozduhot-vo-uchilishta-i-gradinki-vo-pet-opshtini-vo-makedonija/ Mon, 11 Nov 2024 12:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=836329

Истражување за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини (Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци) покажало дека сличен е проблемот како и со амбиентниот воздух бидејќи е надминат дозволениот лимит на суспендирани цврсти честички, но другите загадувачи, како гасови и биоаеросоли, биле во прифатливи граници. За разлика од надворешната загаденост, за внатрешната има повеќе можности за справување со проблемот.

Истражувањето е дел од проектот за справување со загадувањето на воздухот во наведените пет општини, имплементиран од УНДП и со финансиска поддршка од Шведска. Резултатите ги презентираше професорот од Штипскиот универзитет Дејан Мираковски, кој за медиумите изјави дека во период од скоро една година, согласно методологијата препорачана од Светската здравствена организација (СЗО), успеале да направат анализи на квалитетот на воздухот во просториите каде што престојуваат деца и ученици.

Посочи дека генерално, нема директна поврзаност на надворешниот и внатрешниот воздух и дека во зима, кога надвор се екстремно високи концентрациите, нема пробивање во внатрешниот воздух зашто денес постои подобра изолација и објектите се енергетски ефикасни. Како што рече, во текот на зимата има помали концентрации внатре, но во текот на летото концентрациите на штетни честички се повисоки внатре отколку во надворешниот воздух.

Во просек, ги надминуваме препораките на СЗО скоро за двапати, така што неопходно е да се преземат мерки коишто би направиле условите во училиштата и во градинките да бидат и здрави и безбедни за децата и за наставниците. Генерално, ние дишеме загаден воздух, и внатре и надвор, со тоа што внатрешниот воздух веројатно е и поголем проблем за нас бидејќи ние, посебно во зимскиот период, престојуваме подолг период внатре отколку надвор, рече Мираковски.

[caption id="attachment_836333" align="alignnone" width="677"] Генерално, ние дишеме загаден воздух, и внатре и надвор, вели проф. д-р Дејан Мираковски / Фото: принтскрин од видео МИА[/caption]

Сепак, за разлика од проблемот на загадениот воздух надвор, за воздухот во затворени простории има повеќе решенија - од современи системи за вентилација до едноставни самостојни системи за филтрација на воздухот со кои, рече, може да се намалат и 80-90 проценти од концентрациите на суспендирани честички.

Добри и брзи резултати, според Мираковски, може да се постигнат и со наједноставни мерки за хигиена – почесто пребришување, користење обувки или облека само за внатрешниот простор, а не да се престојува со надворешната облека.

На прашањето во која од петте општини опфатени со проектот загадувањето било најголемо во училиштата и градинките, тој одговори дека наодите се слични во сите пет.

Нема разлика помеѓу студената и топлата сезона, како што е амбиентниот воздух, и слични се вредностите, се движат од 42 или 43 па до некаде 80 микрограми на метар кубен просечните концентрации и ПМ 2,5. Максимум е 25 за осум часа внатрешен воздух, различни се вредностите на амбиенталниот и внатрешниот, додаде Мираковски.

Според амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, наодите од истражувањето ќе им помогнат на петте града во справување со проблемот.

Сметаме дека секој чекор на овој пат го гради движечкиот моментум кон постигнување на промени. Благодарни сме на општините Кавадарци, Струмица, Гостивар, Куманово и Струга за кофинансирање на овие планирани инвестиции со вкупна сума од речиси еден милион евра, изјави амбасадорката на Шведска.

Григорјан нагласи дека загадувањето на воздухот влијае на здравјето и на продуктивноста на работното место.

Досега нашата иницијатива се одвиваше во шест општини каде што се испитуваше квалитетот на внатрешниот и надворешниот воздух и отворени сме за соработка со други општини и со други државни органи на централно ниво, додаде претставникот на УНДП.

Министерот за здравство Арбен Таравари во однос на справувањето со загадувањето во државава посочи дека на Влада поминал проект на Министерството кој треба да профункционира до крајот на идната.

Се работи за 10 болници каде што ќе се замени стандарното греење со мазут и со нафта и ќе бидат вклучени начини на греење во коишто нема загадување на воздухот. Владата партиципира, меѓутоа имаме донации и од невладини организации. Јас се надевам дека овој проект доста ќе помогне, рече Таравари.

Посочи дека загадениот воздух особено им штети на ранливите категории луѓе, а кажа и дека имаме доволно капацитети во државава за да се опфатат пациенти (и деца, и возрасни) со белодробни заболувања.

Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, квалитетот на воздухот е од исклучително значење, особено во училиштата затоа што, рече, влијае на психофизичкиот развој на учениците, на нивните способности да размислуваат, да се сконцентрираат, да бидат креативни, но исто така влијае и врз наставниците.

Државата мора да работи на подобрување на условите за живеење и работење во целата околина, но секако интензивно и во училиштата. Во тој правец работиме на енергетска ефикасност на училиштата за да ја намалиме емисијата на јаглерод двооксид. Секако работиме и на промена на системите за греење, но она што е исто така многу значајно, ќе работиме и на едукација за зачувување на околината, изјави Јаневска.

Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, изјави дека се работи за алармантен проблем за што говори и фактот на голем број хоспитализирани деца со белодробни и респираторни болести.

Треба сите заеднички да смогнеме сили и да направиме конкретен план и да тргнеме во борбата против загадениот воздух и како да го намалиме тоа влијание, пред се, кај нашите најмлади, изјави Велковски.

Посочи дека Министерството за социјална политика, демографија и млади обезбедува на локално ниво блок-дотации за градинките и со тие средства, рече, тие може да набават прочистувачи за воздух.

Како Министерство, во новиот буџет, ќе ја разгледаме можноста и најдиректно да помогнеме токму на решавање на ова прашање, барем на едно минимално или локално ниво, коешто не е решение, но можеби е некоја превенција во оваа ситуација, додаде Велковски. 

The post Во просек, ги надминуваме препораките на СЗО скоро за двапати, покажа истражувањето за загадување на воздухот во училишта и градинки во пет општини во Македонија appeared first on Република.

]]>

Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно https://republika.mk/zivot/zdravje/zagaduvaneto-na-vozduhot-e-povrzano-so-rechisi-2-000-smrtni-sluchai-na-detsa-dnevno/ Wed, 19 Jun 2024 11:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=789049

Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот - втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД.

Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе - околу 12 отсто од сите смртни случаи - во 2021 година, според извештајот. Тоа значи дека загадениот воздух ги надмина употребата на тутун и лошата исхрана и стана вториот водечки фактор на ризик за рана смрт, само зад високиот крвен притисок, се вели во извештајот.

Малите деца се особено ранливи на загадувањето на воздухот, а институтот соработува со Детскиот фонд на ОН, УНИЦЕФ за својот годишен извештај за состојбата на глобалниот воздух.

Загадувањето на воздухот e причина за смрт на повеќе од 700.000 деца на возраст под пет години, се вели во извештајот.

Повеќе од 500.000 од тие смртни случаи се припишуваат главно во Африка и Азија.

Речиси секој човек во светот дише нездраво ниво на загаден воздух секој ден, се вели во извештајот.

Над 90 отсто од смртните случаи се поврзани со ситни честички-загадувачи во воздухот наречени ПМ2.5, кои се со големина од 2,5 микрометри или помалку. Утврдено е дека вдишувањето PM2.5 го зголемува ризикот од рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и низа други здравствени проблеми.

Извештајот имаше за цел да ги поврзе стапките на такви болести со нивоата на загаденост на воздухот. Не е земени предвид како загадувањето на воздухот може да влијае на здравјето на мозокот, невродегенеративните болести или какво влијание може да има користењето цврсти горива за греење .

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно appeared first on Република.

]]>

Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот - втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД. Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе - околу 12 отсто од сите смртни случаи - во 2021 година, според извештајот. Тоа значи дека загадениот воздух ги надмина употребата на тутун и лошата исхрана и стана вториот водечки фактор на ризик за рана смрт, само зад високиот крвен притисок, се вели во извештајот. Малите деца се особено ранливи на загадувањето на воздухот, а институтот соработува со Детскиот фонд на ОН, УНИЦЕФ за својот годишен извештај за состојбата на глобалниот воздух. Загадувањето на воздухот e причина за смрт на повеќе од 700.000 деца на возраст под пет години, се вели во извештајот. Повеќе од 500.000 од тие смртни случаи се припишуваат главно во Африка и Азија. Речиси секој човек во светот дише нездраво ниво на загаден воздух секој ден, се вели во извештајот. Над 90 отсто од смртните случаи се поврзани со ситни честички-загадувачи во воздухот наречени ПМ2.5, кои се со големина од 2,5 микрометри или помалку. Утврдено е дека вдишувањето PM2.5 го зголемува ризикот од рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и низа други здравствени проблеми. Извештајот имаше за цел да ги поврзе стапките на такви болести со нивоата на загаденост на воздухот. Не е земени предвид како загадувањето на воздухот може да влијае на здравјето на мозокот, невродегенеративните болести или какво влијание може да има користењето цврсти горива за греење .

The post Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно appeared first on Република.

]]>
5.600 Македонци починале за една година поради загадувањето на воздухот https://republika.mk/vesti/makedonija/5-600-makedontsi-pochinale-za-edna-godina-poradi-zagaduvaneto-na-vozduhot/ Fri, 24 Nov 2023 20:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=716043

Речиси 400.000 смртни случаи во Европа во 2021 година се припишуваат на загадувањето на воздухот, а некои од нив би можеле да се избегнат доколку загадувачите намалат нивоа до препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во извештајот објавен денеска од Европската унија.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) посочи дека во рамките на ЕУ, загадувањето предизвикано од ситни честички (PM2.5), кое особено ги погодува луѓето со срцеви заболувања, е причинител за 253.000 смртни случаи во 2021 година. Загадувањето со азот диоксид (NO2), најштетен за луѓето со дијабетес, резултирало со 52.000 смртни случаи, а краткорочната изложеност на озон (О3) резултираше со 22.000 смртни случаи.

Ако се додадат голем број европски земји надвор од ЕУ - загадениот воздух е одговорен за речиси 389.000 смртни случаи во Европа, се вели во извештајот на ЕЕА за 2021 година објавен денеска.

Во него се наведува дека за една година поради загадувањето на воздухот починале 5.600 македонски граѓани. 

Концентрацијата на загадувачи на воздухот во 2021 година остана многу повисока од нивоата препорачани од СЗО во нејзините упатства за квалитетот на воздухот. Намалувањето на загадувањето на воздухот до овие регулаторни вредности ќе спречи голем број смртни случаи во земјите-членки на ЕУ“, се додава во извештајот, се вели во извештајот на ЕЕА.

Најголем број смртни случаи од ситни честички во 2021 година се забележани во Полска, Италија и Германија, додека северноевропските земји како Исланд, скандинавските земји и Естонија имаат најмал број.

The post 5.600 Македонци починале за една година поради загадувањето на воздухот appeared first on Република.

]]>

Речиси 400.000 смртни случаи во Европа во 2021 година се припишуваат на загадувањето на воздухот, а некои од нив би можеле да се избегнат доколку загадувачите намалат нивоа до препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во извештајот објавен денеска од Европската унија. Европската агенција за животна средина (ЕЕА) посочи дека во рамките на ЕУ, загадувањето предизвикано од ситни честички (PM2.5), кое особено ги погодува луѓето со срцеви заболувања, е причинител за 253.000 смртни случаи во 2021 година. Загадувањето со азот диоксид (NO2), најштетен за луѓето со дијабетес, резултирало со 52.000 смртни случаи, а краткорочната изложеност на озон (О3) резултираше со 22.000 смртни случаи. Ако се додадат голем број европски земји надвор од ЕУ - загадениот воздух е одговорен за речиси 389.000 смртни случаи во Европа, се вели во извештајот на ЕЕА за 2021 година објавен денеска. Во него се наведува дека за една година поради загадувањето на воздухот починале 5.600 македонски граѓани. 