волк Archives - Република https://republika.mk/tema/volk/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 09:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png волк Archives - Република https://republika.mk/tema/volk/ 32 32 Волк фрлен во дворот на АХВ зошто Николовски три години не потпишува средства за улов https://republika.mk/vesti/makedonija/volk-frlen-vo-dvorot-na-ahv-zoshto-nikolovski-tri-godini-ne-potpishuva-sredstva-za-ulov/ Thu, 26 Oct 2023 09:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=695130

Заловен волк утрово беше оставен во дворот на Агенцијата за храна и ветеринарство, во знак на револт што на ловците задолжени за отстрел на штетен дивеч, на кои веќе три години не им се исплаќаат средства.

Надоместокот за улов, што се движи околу 50 евра за волк, веќе три години нема легнато на ниедна сметка.

Надлежноста за исплата на овој надомест е под Министерството за земјоделство, но министерот Љупчо Николовски веќе три години одбива да ги потпише решенијата.

Револтот кулминираше утринава.

The post Волк фрлен во дворот на АХВ зошто Николовски три години не потпишува средства за улов appeared first on Република.

]]>

Заловен волк утрово беше оставен во дворот на Агенцијата за храна и ветеринарство, во знак на револт што на ловците задолжени за отстрел на штетен дивеч, на кои веќе три години не им се исплаќаат средства. Надоместокот за улов, што се движи околу 50 евра за волк, веќе три години нема легнато на ниедна сметка. Надлежноста за исплата на овој надомест е под Министерството за земјоделство, но министерот Љупчо Николовски веќе три години одбива да ги потпише решенијата. Револтот кулминираше утринава.

The post Волк фрлен во дворот на АХВ зошто Николовски три години не потпишува средства за улов appeared first on Република.

]]>
Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-kochanskata-naselba-orizari-ubil-volk-vo-sopstveniot-dvor/ Tue, 27 Dec 2022 16:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=590654

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари попладнево убил волк што му влегол во дворот од семејната куќа.

Дивото животно непријатно го изненадило затоа што не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живее поминувале деца и други луѓе. Само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.

Во моментот кога го забележав помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот. Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколку пати во пределот на главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена, истакна Арсов.

Жителите на Оризари потврдија дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

The post Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор appeared first on Република.

]]>

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари попладнево убил волк што му влегол во дворот од семејната куќа. Дивото животно непријатно го изненадило затоа што не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живее поминувале деца и други луѓе. Само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.
Во моментот кога го забележав помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот. Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколку пати во пределот на главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена, истакна Арсов.
Жителите на Оризари потврдија дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

The post Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор appeared first on Република.

]]>
Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола https://republika.mk/vesti/svet/volk-go-zaklal-ponito-na-fon-der-lajen-taa-barala-dzverot-da-bide-ubien-germanskite-vlasti-dale-dozvola/ Thu, 15 Dec 2022 19:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=586139

Германските власти дозволиле да биде застрелан волкот што го искасапил понито на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не коментираа дали нејзиното име е тоа што ги поттикнало да дадат таква дозвола.

Волците и другите големи месојади се под строга заштита според Директивата на ЕУ за природни живеалишта, што значи дека нивното убивање е забрането, но сепак, земјоделците во земјите и регионите каде што има многу волци, предупредуваат дека нивната растечка популација претставува закана за земјоделството и локалните заедници.

Волк го нападнал понито Доли во септември, додека пасело во близина на Хановер со други коњчиња на семејството Фон дер Лејен.

Властите во Хановер соопштија дека волкот, покрај понито, заклал и 12 овци и крави, што било потврдено со ДНК анализа, пренесе „Еурактив“.

Портпаролот на градот Хановер изјави дека во случајот со волкот е побарано изземање од законот за заштита на волците и големите месојади. Како што се наведува, тој волк спаѓа во категоријата „проблематични“, што значи дека полесно може да се добие дозвола за негов улов.

Според германскиот закон за заштита на загрозените видови, „проблематично“ е животното кое постојано напаѓа добиток или на друг начин покажало дека не е способно за коегзистенција.

Урсула фон дер Лајен, неодамна во писмо до германските европратеници од групата на Европската народна партија (ЕПП) порача дека Европската комисија треба да го разгледа заштитениот статус на волците.

Таа не го спомна своето пони, но, како што јави агенцијата ДПА, напишала дека Комисијата го „препознава“ проблемот со зголемувањето на бројот на волци бидејќи „има се повеќе извештаи за напади од волци врз добиток и зголемен ризик за луѓето“.

Европратениците од групата на ЕПП, чиј член е и Фон дер Лајен, бараат ревизија на заштитениот статус на волците и другите големи месојади, како што се мечките и рисовите.

Кон крајот на ноември, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција со која се бара да се намали статусот на заштита на волците за да се помогне сточарството.

Бриселскиот портал пишува дека Фон дер Лајен, сепак, не може да очекува поддршка од колегите европски комесари во однос на статусот на волците, затоа што европскиот комесар за животна средина, Вирџинијус Синкевичиус, е поборник за заштита на големите месојади и неодамна ја бранел актуелната Регулатива на ЕУ на оваа тема наспроти критиките од членките на Унијата.

The post Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола appeared first on Република.

]]>

Германските власти дозволиле да биде застрелан волкот што го искасапил понито на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не коментираа дали нејзиното име е тоа што ги поттикнало да дадат таква дозвола. Волците и другите големи месојади се под строга заштита според Директивата на ЕУ за природни живеалишта, што значи дека нивното убивање е забрането, но сепак, земјоделците во земјите и регионите каде што има многу волци, предупредуваат дека нивната растечка популација претставува закана за земјоделството и локалните заедници. Волк го нападнал понито Доли во септември, додека пасело во близина на Хановер со други коњчиња на семејството Фон дер Лејен. Властите во Хановер соопштија дека волкот, покрај понито, заклал и 12 овци и крави, што било потврдено со ДНК анализа, пренесе „Еурактив“. Портпаролот на градот Хановер изјави дека во случајот со волкот е побарано изземање од законот за заштита на волците и големите месојади. Како што се наведува, тој волк спаѓа во категоријата „проблематични“, што значи дека полесно може да се добие дозвола за негов улов. Според германскиот закон за заштита на загрозените видови, „проблематично“ е животното кое постојано напаѓа добиток или на друг начин покажало дека не е способно за коегзистенција. Урсула фон дер Лајен, неодамна во писмо до германските европратеници од групата на Европската народна партија (ЕПП) порача дека Европската комисија треба да го разгледа заштитениот статус на волците. Таа не го спомна своето пони, но, како што јави агенцијата ДПА, напишала дека Комисијата го „препознава“ проблемот со зголемувањето на бројот на волци бидејќи „има се повеќе извештаи за напади од волци врз добиток и зголемен ризик за луѓето“. Европратениците од групата на ЕПП, чиј член е и Фон дер Лајен, бараат ревизија на заштитениот статус на волците и другите големи месојади, како што се мечките и рисовите. Кон крајот на ноември, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција со која се бара да се намали статусот на заштита на волците за да се помогне сточарството. Бриселскиот портал пишува дека Фон дер Лајен, сепак, не може да очекува поддршка од колегите европски комесари во однос на статусот на волците, затоа што европскиот комесар за животна средина, Вирџинијус Синкевичиус, е поборник за заштита на големите месојади и неодамна ја бранел актуелната Регулатива на ЕУ на оваа тема наспроти критиките од членките на Унијата.

The post Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола appeared first on Република.

]]>
Пораснав на планина, волкот е мое алтер его“: Каква симболика има ланчето со лик на волк што го носи Ноле! https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/porasnav-na-planina-toa-e-volkot-e-moe-alter-ego-kakva-simbolika-ima-lancheto-so-lik-na-volk-shto-go-nosi-nole/ Wed, 09 Feb 2022 12:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=456206

Необичното ланче кое Новак Ѓоковиќ неодамна го носеше околу вратот привлече големо внимание.

На прв поглед изгледа дека е обично парче накит, но кога малку ќе се приближите и ќе го погледнете приврзокот, ќе сфатите дека во него се крие моќна симболика.

На ланчето е лик на волк кој негов стана алтер его.

Начинот на кој пораснав во тешко време за мојата земја, неуспехот никогаш не беше опција за мене или за моето семејство. Тоа го зајакна мојот карактер, поминав многу време на тренинзи со волци и ова е енергијата на волците. Пораснав на планина, поминав многу време таму, на Копаоник, и наидов на волци, но тоа што го кажав е за решителност, истрајност... Волците се потпираат на инстинкт, гледам многу сличности во однесувањето. на некој начин, со духовни, природни водичи низ животот“, рече  Новак.

 

The post Пораснав на планина, волкот е мое алтер его“: Каква симболика има ланчето со лик на волк што го носи Ноле! appeared first on Република.

]]>

Необичното ланче кое Новак Ѓоковиќ неодамна го носеше околу вратот привлече големо внимание. На прв поглед изгледа дека е обично парче накит, но кога малку ќе се приближите и ќе го погледнете приврзокот, ќе сфатите дека во него се крие моќна симболика. На ланчето е лик на волк кој негов стана алтер его.
Начинот на кој пораснав во тешко време за мојата земја, неуспехот никогаш не беше опција за мене или за моето семејство. Тоа го зајакна мојот карактер, поминав многу време на тренинзи со волци и ова е енергијата на волците. Пораснав на планина, поминав многу време таму, на Копаоник, и наидов на волци, но тоа што го кажав е за решителност, истрајност... Волците се потпираат на инстинкт, гледам многу сличности во однесувањето. на некој начин, со духовни, природни водичи низ животот“, рече  Новак.
 

The post Пораснав на планина, волкот е мое алтер его“: Каква симболика има ланчето со лик на волк што го носи Ноле! appeared first on Република.

]]>