Венко Филипче Archives - Република https://republika.mk/tema/venko-filipche/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 17:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венко Филипче Archives - Република https://republika.mk/tema/venko-filipche/ 32 32 Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/filipche-skopje-e-vo-kriza-sdsm-initsira-itna-sednitsa-na-sovet-na-grad-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 18:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=840068

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче.

Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче. Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче. Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-budhetot-za-2025-godina-ke-ja-zagrozi-finansiskata-stabilnost-na-drzhavata/ Thu, 14 Nov 2024 15:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=837662

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.

Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.

„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.

При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.

„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.

Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.

The post Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата appeared first on Република.

]]>

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година. Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.
„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.
При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.
„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.
Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.

The post Филипче: Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата appeared first on Република.

]]>
Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-sdsm-nema-da-glasa-za-vakov-budhet-i-ke-podnese-200-amandmani/ Wed, 13 Nov 2024 12:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=837200

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста, рече Филипче.

Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг.

Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%.

Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните, додаде тој.

Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование.

Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци, рече тој.

Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите.

Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето? праша Филипче.

Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат,  изјави тој.
Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче.

Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија, додаде тој.

Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој.

Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година.

Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород.

Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции, заклучи Филипче.

The post Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани appeared first on Република.

]]>

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста, рече Филипче. Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг. Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%. Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните, додаде тој. Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование. Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци, рече тој. Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите. Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето? праша Филипче. Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат,  изјави тој. Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче. Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија, додаде тој. Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој. Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година. Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород. Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции, заклучи Филипче.

The post Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани appeared first on Република.

]]>
Филипче: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-hrabrosta-na-nashite-bortsi-od-nob-e-temelot-na-slobodata-shto-ja-zhiveeme/ Wed, 13 Nov 2024 09:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=837051

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество.

„Денес оддаваме почит на храброста и истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме. На 13 ноември 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а градот го доби симболот на отпор и надеж. Во време на економски и политички предизвици, треба да се сеќаваме и да не води храброста и одлучноста на нашите предци. Тие не се откажаа, се бореа за слобода, правда и еднаквост. После осум децении, ние потомците на НОБ ја имаме истата цел, да се избориме за слободно и демократско општество, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска и културно напредна метропола. Слава им на хероите, нека е честит и вековит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје“, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме appeared first on Република.

Претседателот на СДСМ, Филипче му ја честиташе победата на Трамп https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sdsm-filipche-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 10:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=834656

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Cеверна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи, вели Филипче во честитката.

Cеверна Македонија и Соединетите Американски Држави, додава Филипче, имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и истакнува оти верува дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба.

The post Претседателот на СДСМ, Филипче му ја честиташе победата на Трамп appeared first on Република.

Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера, Славјанка… никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/shilegov-tache-zechevik-bogoev-bisera-slavjanka-nikoj-ne-mu-dojde-na-filipche-na-sednitsata-na-tsentralniot-odbor-na-sdsm/ Wed, 06 Nov 2024 07:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=834546

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана синоќа и на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче.

Од фотографиите се гледа дека на седницата не дошле поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и многу други битни „фаци“.

Фипипче на масата беше само со стручните служби и синот на досегашниот амбасдадор во ОН Љубомир Фрчкоски, Јон. Филипче засега не го напушта единствено Фатмир Битиќи.

The post Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера, Славјанка… никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана синоќа и на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче. Од фотографиите се гледа дека на седницата не дошле поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и многу други битни „фаци“. Фипипче на масата беше само со стручните служби и синот на досегашниот амбасдадор во ОН Љубомир Фрчкоски, Јон. Филипче засега не го напушта единствено Фатмир Битиќи.  

The post Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера, Славјанка… никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитувањето на различностите https://republika.mk/vesti/filipche-denot-na-romskiot-jazik-e-potsetnik-za-vazhnosta-na-kulturnata-inkluzija-i-pochituvaneto-na-razlichnostite/ Tue, 05 Nov 2024 14:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=834411

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја“, вели Филипче.

The post Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитувањето на различностите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.
„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите. Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права. Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја“, вели Филипче.

The post Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитувањето на различностите appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-odgovornost-vo-sprotivno-gnevot-kaj-onepravdenite-samo-ke-raste-i-ke-se-zgolemuva/ Tue, 05 Nov 2024 06:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=834228

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија.
Мало сутра! 
Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино,
мака ми е што лежев заради ваквите како Заев.
А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот.
Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“...
Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор,
некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема!
Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема.
Барем сè уште таква е реалноста ...
Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено!
А тоа е многу опасно!
Затоа ОД ГО ВОР НОСТ!
Не од утре, туку уште од вчера.
Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/
Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра!  Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев. А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот. Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“... Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор, некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема! Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема. Барем сè уште таква е реалноста ... Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено! А тоа е многу опасно! Затоа ОД ГО ВОР НОСТ! Не од утре, туку уште од вчера. Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>
Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/ Mon, 04 Nov 2024 12:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=834013

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање дали присуствувал на ексклузивна забава во Дубаи.

Веста за забавата во Дубаи на која пеел српскиот фолк пејач Харис Џиновиќ, а на која меѓу гостите биле и Филипче и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев ја пренесоа неколку портали.

Од забавата е објавена и видеоснимка.

Од снимката може дa се види дека Филипче со мобилен телефон ја снима забавата, додека Заев разговара со Џиновиќ.

Српските портали пренесуваат дека Џиновиќ во Дубаи приредил журка за паметење, која очигледно ќе ја паметат и Заев и Филипче.

The post Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи appeared first on Република.

]]>

Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кусо одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на новинарско прашање дали присуствувал на ексклузивна забава во Дубаи. Веста за забавата во Дубаи на која пеел српскиот фолк пејач Харис Џиновиќ, а на која меѓу гостите биле и Филипче и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев ја пренесоа неколку портали. Од забавата е објавена и видеоснимка. Од снимката може дa се види дека Филипче со мобилен телефон ја снима забавата, додека Заев разговара со Џиновиќ. Српските портали пренесуваат дека Џиновиќ во Дубаи приредил журка за паметење, која очигледно ќе ја паметат и Заев и Филипче.

The post Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи appeared first on Република.

]]>
Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kade-gi-troshat-parite-drugarite-venko-i-zaev-na-zhurka-vo-dubai-kartite-chinele-nekolku-stotina-evra/ Sun, 03 Nov 2024 22:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=833846

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи.

Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ.

Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.

Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат: Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши

The post Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра appeared first on Република.

]]>

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи. Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ. Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.
Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.
На социјалните мрежи граѓаните коментираат: Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши

The post Еве каде ги трошат парите: Другарите Венко и Заев на журка во Дубаи, картите чинеле неколку стотина евра appeared first on Република.

]]>
Филипче го назначи Галетановски за нов претседател на СДСМ Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-go-naznachi-galetanovski-za-nov-pretsedatel-na-sdsm-skopje/ Wed, 30 Oct 2024 13:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=832482

Екс-директорот на скопската зоолошка, Ѓорги Галетановски е назначен да раководи со градската организација на СДСМ во Скопје. Веста ја објавија од најголемата опозициска партија.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го назначи Ѓорѓи Галетановски за нов Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје. Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, стои во соопштението од партијата на Филипче.

Галетановски си замина од функцијата во ЗОО Скопје во периодот кога на чело на градот дојде градоначалничката, Данела Арсовска. По секое немило случување во Зоолошката, редовни беа јавните апели на социјалните мрежи за враќање на Галетановски на функцијата директор.

The post Филипче го назначи Галетановски за нов претседател на СДСМ Скопје appeared first on Република.

]]>

Екс-директорот на скопската зоолошка, Ѓорги Галетановски е назначен да раководи со градската организација на СДСМ во Скопје. Веста ја објавија од најголемата опозициска партија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го назначи Ѓорѓи Галетановски за нов Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје. Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, стои во соопштението од партијата на Филипче. Галетановски си замина од функцијата во ЗОО Скопје во периодот кога на чело на градот дојде градоначалничката, Данела Арсовска. По секое немило случување во Зоолошката, редовни беа јавните апели на социјалните мрежи за враќање на Галетановски на функцијата директор.

The post Филипче го назначи Галетановски за нов претседател на СДСМ Скопје appeared first on Република.

]]>
Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-etniziraneto-na-naukata-ne-nosi-kvalitet/ Mon, 21 Oct 2024 12:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=829452

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности.

Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.

Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.

Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.

Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.

За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.

Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.

Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.

Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности. Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.
Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.
Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.
Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.
За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.
Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.
Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.
Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>
Филипче: Предлагаме минималната плата да биде 27.700 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-predlagame-minimalnata-plata-da-bide-27-700-denari/ Mon, 21 Oct 2024 10:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=829371

СДСМ ќе поднесе предлог измени и дополнувања на Законот за минимална плата за минималната плата да се покачи на 27.700 денари

Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со измените предвидуваме минималната плата да се покачи на 27 700 денари што претставува пораст од 12,3 проценти. Со ова не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата што ќе има позитивен ефект на секое семејство во државата. Методологијата на усогласување на минималната плата со порастот на трошоците на живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Според Филипче, сериозен проблем за македонската економија е повратот на ДДВ, односно дека долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, што не се има случено во последните седум години.

ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот, порача Филипче.

The post Филипче: Предлагаме минималната плата да биде 27.700 денари appeared first on Република.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-kategorichno-sum-protiv-etnichki-podelbi-vo-naukata-2/ Wed, 16 Oct 2024 19:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=827403

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање „етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.

-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче во реакцијата.

Како што вели, „жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“ и најави дека „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.

The post Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката appeared first on Република.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-kategorichno-sum-protiv-etnichki-podelbi-vo-naukata/ Wed, 16 Oct 2024 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=827389

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање „етнички чисти" институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.

СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче во реакцијата.

Како што вели, „жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“ и најави дека „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.

The post Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците. Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање „етнички чисти" институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, напиша Филипче на својот фејсбук-профил. Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче во реакцијата. Како што вели, „жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“ и најави дека „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.

The post Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката appeared first on Република.

]]>
Филипче смета дека со неговото доаѓање на чело на СДСМ запрел падот на рејтингот на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-smeta-deka-so-negovoto-doagane-na-chelo-na-sdsm-zaprel-padot-na-rejtingot-na-partijata/ Tue, 15 Oct 2024 17:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=827276

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Сител“ рече дека со неговото стапување на функцијата претседател на партијата, СДСМ забележала прекин на падот во рејтингот и дека започнала значајна консолидација.

„Слободно можам да кажам дека веќе на почетокот на мојот мандат како претседател на партија запре падот во рејтингот во партијата и започна консолидација,“ рече Филипче.

Тој посочи дека секојдневно остварува бројни средби со членови и симпатизери на партијата низ целата држава, што придонело кон започнување на процесите за избор на ново раководство на СДСМ.

„Ги започнавме веднаш и формалните процеси за да се постави партиското раководство, односно изборните конференции по општинските организации за да се изберат новите делегати на конгресот и новите членови на централниот одбор,“ додаде Филипче, истакнувајќи дека овие процеси треба да завршат до крајот на неделата.

Еден од најзначајните аспекти, според Филипче, е давање глас на секој член на партијата. Според него, позитивниот фидбек од членството покажува дека партијата се консолидира и повторно се враќа на патот на обединување и стабилизација.

Со новите делегати кои ќе бидат избрани до крајот на неделата, партијата ќе го организира новиот Kонгрес на почетокот на ноември, на кој ќе биде избран новиот Централен одбор, од кој понатаму ќе потекнува целокупното ново раководство на СДСМ.

The post Филипче смета дека со неговото доаѓање на чело на СДСМ запрел падот на рејтингот на партијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Сител“ рече дека со неговото стапување на функцијата претседател на партијата, СДСМ забележала прекин на падот во рејтингот и дека започнала значајна консолидација.
„Слободно можам да кажам дека веќе на почетокот на мојот мандат како претседател на партија запре падот во рејтингот во партијата и започна консолидација,“ рече Филипче.
Тој посочи дека секојдневно остварува бројни средби со членови и симпатизери на партијата низ целата држава, што придонело кон започнување на процесите за избор на ново раководство на СДСМ.
„Ги започнавме веднаш и формалните процеси за да се постави партиското раководство, односно изборните конференции по општинските организации за да се изберат новите делегати на конгресот и новите членови на централниот одбор,“ додаде Филипче, истакнувајќи дека овие процеси треба да завршат до крајот на неделата.
Еден од најзначајните аспекти, според Филипче, е давање глас на секој член на партијата. Според него, позитивниот фидбек од членството покажува дека партијата се консолидира и повторно се враќа на патот на обединување и стабилизација. Со новите делегати кои ќе бидат избрани до крајот на неделата, партијата ќе го организира новиот Kонгрес на почетокот на ноември, на кој ќе биде избран новиот Централен одбор, од кој понатаму ќе потекнува целокупното ново раководство на СДСМ.

The post Филипче смета дека со неговото доаѓање на чело на СДСМ запрел падот на рејтингот на партијата appeared first on Република.

]]>
Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-neka-ne-vodi-pobednichkiot-duh-na-11-oktomvri-vo-site-bitki-i-odluki-koi-se-pred-nas/ Fri, 11 Oct 2024 08:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=825414

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.

Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање.

За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните.

Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче.

Филипче, исто така, упатува порака дека СДСМ останува со граѓаните и на вистинската страна на историјата уверен дека само така победата е сигурна.

Бевме на победничката страна и во 1941-та година и во 1991-та година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозиција. Бидејќи борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас, потенцира Филипче.

The post Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата. Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање. За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните. Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче. Филипче, исто така, упатува порака дека СДСМ останува со граѓаните и на вистинската страна на историјата уверен дека само така победата е сигурна. Бевме на победничката страна и во 1941-та година и во 1991-та година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозиција. Бидејќи борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас, потенцира Филипче.

The post Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас appeared first on Република.

]]>
Филипче: Владее бесперспективност заради спротивставените изјави на Мицкоски и Муртезани https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-vladee-besperspektivnost-zaradi-sprotivstavenite-izjavi-na-mitskoski-i-murtezani/ Wed, 09 Oct 2024 10:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=824560

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во својата последна изјава истакна дека Владата се наоѓа во состојба на конфузија и бесперспективност поради спротивставените изјави меѓу премиерот Мицкоски и министерот Муртезани. Според него, ова ја потврдува неспособноста на Владата да обезбеди јасен и конзистентен план за продолжување на евроинтегративниот процес.

„Од една страна, премиерот најавува поддршка за некакви промени во преговарачката рамка, а од друга страна, министерот Муртезани отворено го демантира, велејќи дека во ниту една земја од ЕУ не постои поддршка за такви промени,“ посочи Филипче. Овие контрадикторни пораки, според него, само го засилуваат впечатокот дека Владата нема јасен план за евроинтеграцијата.

Филипче нагласи дека ваквите „дисонантни тонови“ мора да бидат расчистени во Собранието, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и за клучните прашања што се однесуваат на патот кон Европската унија.

The post Филипче: Владее бесперспективност заради спротивставените изјави на Мицкоски и Муртезани appeared first on Република.

Филипче: Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-poraneshni-poddrzhuvachi-na-znam-se-vrakaat-vo-sdsm/ Fri, 04 Oct 2024 13:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=822577

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата активно се консолидира по последните избори, со значителен прилив на нови членови и враќање на поранешни поддржувачи на ЗНАМ.

Филипче изјави дека членството покажува зголемен интерес за активно учество во процесите на избор на претставници на локално ниво и во креирањето на политиките.

Членовите сакаат повеќе да се вклучат во изборот на свои претставници во раководството на општинските организации и на национално ниво, како и во процесите на политичко креирање, изјави Филипче.

Претседателот на партијата, Филипче истакна дека новите претседатели на општинските организации, каде што се именувани, добиле одличен прием меѓу членовите и поддржувачите.

На состаноците сега учествуваат повеќе од двојно повеќе членови отколку претходно, а пристапуваат и членови на ЗНАМ, додаде Филипче.

Тој кажа дека СДСМ продолжува да вклучува нови лица, а многу од постоечките партиски членови ја покажуваат својата стручност и посветеност во различни области.

Широк круг на луѓе со коишто комуницираме во нивните средини имаат капацитет да преземат водечки улоги во организациите на СДСМ, рече претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека многу поранешни членови на ЗНАМ, кои претходно ја напуштиле партијата, сега се враќаат со желба повторно да придонесат кон работата и развојот на СДСМ.

The post Филипче: Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата активно се консолидира по последните избори, со значителен прилив на нови членови и враќање на поранешни поддржувачи на ЗНАМ. Филипче изјави дека членството покажува зголемен интерес за активно учество во процесите на избор на претставници на локално ниво и во креирањето на политиките.
Членовите сакаат повеќе да се вклучат во изборот на свои претставници во раководството на општинските организации и на национално ниво, како и во процесите на политичко креирање, изјави Филипче.
Претседателот на партијата, Филипче истакна дека новите претседатели на општинските организации, каде што се именувани, добиле одличен прием меѓу членовите и поддржувачите.
На состаноците сега учествуваат повеќе од двојно повеќе членови отколку претходно, а пристапуваат и членови на ЗНАМ, додаде Филипче.
Тој кажа дека СДСМ продолжува да вклучува нови лица, а многу од постоечките партиски членови ја покажуваат својата стручност и посветеност во различни области.
Широк круг на луѓе со коишто комуницираме во нивните средини имаат капацитет да преземат водечки улоги во организациите на СДСМ, рече претседателот на СДСМ.
Филипче истакна дека многу поранешни членови на ЗНАМ, кои претходно ја напуштиле партијата, сега се враќаат со желба повторно да придонесат кон работата и развојот на СДСМ.

The post Филипче: Поранешни поддржувачи на ЗНАМ се враќаат во СДСМ appeared first on Република.

]]>
Филипче: Нема активни процеси за вработување во здравството, запрени се сите постапки https://republika.mk/zivot/zdravje/filipche-nema-aktivni-protsesi-za-vrabotuvane-vo-zdravstvoto-zapreni-se-site-postapki/ Fri, 04 Oct 2024 12:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=822688

„Нема никакво вработување на 600 лекари во здравството,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, демантирајќи ги владините тврдења за нови вработувања во здравствениот сектор.

Филипче потсети дека на крајот на јуни, Владата донела заклучок со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари. „Напротив, има заклучок на Влада донесен некаде на крајот на јуни, со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари,“ истакна тој.

Според информациите кои ги сподели Филипче, голем дел од здравствените работници кои требало да бидат вработени, веќе заминале во приватниот сектор.

„Требаше да се вработат околу 1200 здравствени работници, но голем дел од нив веќе се заминати во приватниот сектор,“ рече тој, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.

The post Филипче: Нема активни процеси за вработување во здравството, запрени се сите постапки appeared first on Република.

]]>

„Нема никакво вработување на 600 лекари во здравството,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, демантирајќи ги владините тврдења за нови вработувања во здравствениот сектор.
Филипче потсети дека на крајот на јуни, Владата донела заклучок со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари. „Напротив, има заклучок на Влада донесен некаде на крајот на јуни, со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари,“ истакна тој. Според информациите кои ги сподели Филипче, голем дел од здравствените работници кои требало да бидат вработени, веќе заминале во приватниот сектор.