унгарски кредит Archives - Република https://republika.mk/tema/ungarski-kredit/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 12:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png унгарски кредит Archives - Република https://republika.mk/tema/ungarski-kredit/ 32 32 Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/ochekuvam-krajot-na-ovaa-i-pochetokot-na-slednata-nedela-da-izlezeme-so-konechna-pozitsija-za-kamatite-i-da-trgne-ovaa-rabota-veli-mitskoski/ Tue, 19 Nov 2024 12:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=839611

Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на каматите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, и парите да бидат ставени во функција.

Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гувернерката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот - рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити.

На средбата изминатиот викенд не беше постигнат договор меѓу Владата и банките за дефинирање на условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постигната е согласност околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни, беше кажано, има волја за доближување на ставовите.

Премиерот Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, рече дека во однос на каматата, уште ќе се преговара.

Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите - рече Мицкоски.

Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот.

Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на каматите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, и парите да бидат ставени во функција.
Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гувернерката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот - рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити.
На средбата изминатиот викенд не беше постигнат договор меѓу Владата и банките за дефинирање на условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постигната е согласност околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни, беше кажано, има волја за доближување на ставовите. Премиерот Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, рече дека во однос на каматата, уште ќе се преговара.
Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите - рече Мицкоски.
Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни - 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот.

The post Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ochekuvam-dobar-rezultat-od-pregovorite-so-bankite-za-ungarskiot-kredit-namenet-za-kompaniite/ Thu, 14 Nov 2024 13:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=837739

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар резултат од за в недела закажаните преговори со банките во Министерството за финансии за субвенционирање на каматата при пласирањето на парите од унгарската кредитна линија наменета за компаниите.

Дел од тие средства ќе отидат преку Македонската банка за поддршка на развојот и нормално дека таа банка нема да наплати. Но, таа банка нема толкава голема адекватност на капитал, има лимитирани можности, може до кај 25, 30, 35 милиони евра да пласира кредити, другите мораме да одиме преку комерцијалните банки. Да почекаме во недела да видиме каков ќе биде состанокот и очекувам добар резултат, барем тоа што го добивам како информации неофицијални што стигаат до мене. Оставете да преговараме да видиме што ќе се случи до недела - рече Мицкоски во одговор на прашање по завршувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција – МАТТО.

Како што нагласи, досега според информациите што ги има Министерството за финансии, во овие повеќе од три децении, државата субвенционирала веќе околу 650 милиони евра камати коишто биле на товар на буџетот.

The post Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите appeared first on Република.

Мицкоски: Уште преговараме со банките околу унгарскиот кредит https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ushte-pregovarame-so-bankite-okolu-ungarskiot-kredit/ Wed, 06 Nov 2024 14:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=834856

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени. Тој уште еднаш кажа дека парите се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив.

„Парите од унгарскиот заем се веќе стигнати, тука се, на сметката на Народната банка. Се уште се преговара со комерцијалните банки околу делот на тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Очекувам сите заедно да направиме нешто за државата и економијата“, подвлече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на МАСИТ.

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра.

The post Мицкоски: Уште преговараме со банките околу унгарскиот кредит appeared first on Република.

Парите од унгарскиот кредит ќе се користат од Нова година https://republika.mk/vesti/ekonomija/parite-od-ungarskiot-kredit-nameneti-za-kompaniite-ke-odat-preku-razvojnata-banka-se-ochekuva-da-bidat-dostapni-do-nova-godina/ Thu, 10 Oct 2024 15:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=825187

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.

Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки - изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година. Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година - рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат - истакна Димитриеска-Кочовска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни. Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.

Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата - вели Димитриеска-Кочовска.

The post Парите од унгарскиот кредит ќе се користат од Нова година appeared first on Република.

Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година https://republika.mk/vesti/ekonomija/parite-od-ungarskiot-kredit-nameneti-za-kompaniite-ke-odat-preku-razvojnata-banka-se-ochekuva-da-bidat-dostapni-do-nova-godina-2/ Thu, 10 Oct 2024 10:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=825195

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите.

Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.

– Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира.

Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година.

Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

– Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани.

Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности.

Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат.

Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена.

Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни.

Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.

– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари.

Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата, вели Димитриеска-Кочовска.

The post Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година appeared first on Република.

]]>

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.
– Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.
Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година. Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.
– Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.
Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.
– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.
Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни. Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.  
– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата, вели Димитриеска-Кочовска.

The post Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година appeared first on Република.

]]>
Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-vtornik-se-potpishuva-dogovorot-za-ungarskiot-kredit/ Sun, 06 Oct 2024 12:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=823437

Во вторник, во Будимпешта, ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе ја обезбеди поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо почнување на реализацијата на проектите. Министерката најави дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата.

Ова финансирање е дел од договорот што го постигна премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит appeared first on Република.

]]>

Во вторник, во Будимпешта, ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе ја обезбеди поддршката за македонскиот бизнис-сектор и за општинските проекти. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо почнување на реализацијата на проектите. Министерката најави дека средствата од кредитот од Унгарската експорт-импорт банка треба да бидат уплатени до крајот на неделата. Ова финансирање е дел од договорот што го постигна премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.