Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.
Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.
Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.
Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.
Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас.
За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.
The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.
]]>Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.
Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас. За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.
The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.
]]>Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработија програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 саати годишно. Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците.
Оваа новина ја соопшти министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната Национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, во организација на Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската амбасада.
Програмата вклучува волонтерство и соработка со граѓански организации, а преку ваквиот ангажман учениците ќе учат како да придонесуваат за доброто на заедницата, што е важно за нивниот личен развој и граѓанска одговорност, рече Јаневска додавајќи дека од следната година, програма за општествено корисни активности ќе се изработи и за учениците од гимназиите, со оглед на тоа што гимназиското образование е во процес на реформирање.
Одговарајќи на прашање како МОН планира да ги вклучи граѓанските организации во развојот, спроведувањето и следењето на новата Национална стратегија за образование за 2026 година, министерката рече дека граѓанските здруженија се веќе вклучени во процес кој претходи на пишувањето на Националната стратегија.
Досега се сретнав со 50тина граѓански здруженија и со сите дискутираме за предизвиците кои ги засегаат оние кои тие ги застапуваат како организации. За секој предизвик оформуваме одговори во вид на мерки, проекти, активности, законски измени и слично. Дел од нив се веднаш спроведливи, дел пак, ќе бидат интегрирани во стратешки документи како што е Националната стратегија. Комуникацијата со здруженијата ни е особено важна, додаде Јаневска.
Посочи дека сите општествени чинители имаат подеднаква одговорност во градењето квалитетен образовен систем и затоа се заложува за уште поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор.
The post Учениците од седмо до деветто одделение ќе мораат да учестуваат во општествено корисни активности appeared first on Република.
]]>Програмата вклучува волонтерство и соработка со граѓански организации, а преку ваквиот ангажман учениците ќе учат како да придонесуваат за доброто на заедницата, што е важно за нивниот личен развој и граѓанска одговорност, рече Јаневска додавајќи дека од следната година, програма за општествено корисни активности ќе се изработи и за учениците од гимназиите, со оглед на тоа што гимназиското образование е во процес на реформирање.Одговарајќи на прашање како МОН планира да ги вклучи граѓанските организации во развојот, спроведувањето и следењето на новата Национална стратегија за образование за 2026 година, министерката рече дека граѓанските здруженија се веќе вклучени во процес кој претходи на пишувањето на Националната стратегија.
Досега се сретнав со 50тина граѓански здруженија и со сите дискутираме за предизвиците кои ги засегаат оние кои тие ги застапуваат како организации. За секој предизвик оформуваме одговори во вид на мерки, проекти, активности, законски измени и слично. Дел од нив се веднаш спроведливи, дел пак, ќе бидат интегрирани во стратешки документи како што е Националната стратегија. Комуникацијата со здруженијата ни е особено важна, додаде Јаневска.Посочи дека сите општествени чинители имаат подеднаква одговорност во градењето квалитетен образовен систем и затоа се заложува за уште поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор.
The post Учениците од седмо до деветто одделение ќе мораат да учестуваат во општествено корисни активности appeared first on Република.
]]>Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик.
За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, велат од МВР.
The post Деца се истепале на час во основно училиште во Ѓорче appeared first on Република.
]]>Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик.
За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, велат од МВР.
The post Деца се истепале на час во основно училиште во Ѓорче appeared first on Република.
]]>Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.
Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.
Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.
The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.
]]>Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.
The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.
]]>Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје.
Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите.
Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите.
Ова се главните заклучоци кои беа донесени на тркалезната маса која вчера се одржа во Скопје на тема „Ментално здравје и благосостојба кај средношколците“. Настанот беше дел од пошироката кампања, „Твоја приказна, наша поддршка“ организиран со цел да ги обедини релевантните чинители и носителите на одлуки за заедничка дискусија и креирање системски решенија за подобрување на менталната здравствена поддршка во училиштата.
На настанот учество зедоа повеќе релевантни чинители меѓу кои: Министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претставници од ХЕРА, претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед, Александра Филипова – програмски менаџер во Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како и претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Бирото за развој на образованието и Колективот на стручни соработници предводени од психологот Ана Попризова.
Во своето обраќање, министерката за образование Весна Јаневска истакна дека државата веќе обезбедува поддршка за менталното здравје на учениците преку Програма за психосоцијална поддршка во основните и средните училишта.
Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.
Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование.
Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.
Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.
Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:
Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.
На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје.
Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.
The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.
]]>Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование. Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.
Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:
Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје. Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.
The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.
]]>Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив во минатото не биле познати, па оттука и механизмот кој треба да понуди помош, мора да се адаптира и да одговара на новото време.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на конференција посветена на грижата за менталното здравје на учениците, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, на која беше презентиран и документ за јавни политики насловен „Твоја приказна, наша поддршка“.
Државата обезбедува поддршка за учениците, за превенирање и справување со менталните здравствени проблеми. Имаме Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата во основните и средните училишта. Во училиштата има стручни тимови од психолози и педагози, кои заедно со наставниците посетуваат континуирани обуки на темата. Самите училишта имаат годишна програма за работа во која предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците, рече Јаневска, додавајќи дека и Педагошката служба во склоп на министерството постапува согласно своите надлежности, со советувања на ученици, родители и наставници.
„Од почеток на учебната година имаме 6 електронски пријави за врсничко насилство и по истите се постапува. Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна. Правилниот раст и развој на младите, градењето на ментално снажни генерации е наша заедничка обврска“, рече министерката.
Јаневска потсети дека во моментов министерството води јавна дебата за неколку нови законски решенија, меѓу кои и за законите за основно и за средно образование. Ја повика пошироката јавност да ги разгледа и како што рече, меѓудругото да дадеме заеднички придонес и за подобра регулатива која ќе овозможи поголема и правилна психосоцијална поддршка за учениците.
The post Јаневска: Да ја подобриме грижата за менталното здравје на учениците appeared first on Република.
]]>Државата обезбедува поддршка за учениците, за превенирање и справување со менталните здравствени проблеми. Имаме Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата во основните и средните училишта. Во училиштата има стручни тимови од психолози и педагози, кои заедно со наставниците посетуваат континуирани обуки на темата. Самите училишта имаат годишна програма за работа во која предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците, рече Јаневска, додавајќи дека и Педагошката служба во склоп на министерството постапува согласно своите надлежности, со советувања на ученици, родители и наставници.„Од почеток на учебната година имаме 6 електронски пријави за врсничко насилство и по истите се постапува. Добро е што се прекршува тишината, што се пријавува, за да можеме да спречиме ширење и крајно негативни последици. Комуникацијата со јавноста и со граѓанскиот сектор, ни е особено значајна. Правилниот раст и развој на младите, градењето на ментално снажни генерации е наша заедничка обврска“, рече министерката. Јаневска потсети дека во моментов министерството води јавна дебата за неколку нови законски решенија, меѓу кои и за законите за основно и за средно образование. Ја повика пошироката јавност да ги разгледа и како што рече, меѓудругото да дадеме заеднички придонес и за подобра регулатива која ќе овозможи поголема и правилна психосоцијална поддршка за учениците.
The post Јаневска: Да ја подобриме грижата за менталното здравје на учениците appeared first on Република.
]]>Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди.
Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование.
Со спроведување на реформа на гимназиското образование, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците.
Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина.
Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80% од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.
The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.
]]>The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.
]]>Професорот Димитрија Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух.
Заедно со пет ученици средношколци, под мое менторство, произведени се 30 квалитетни антиполен карбон прочистувачи за воздух, наменети за во училишни училници. Проектот AERO2 е за задоволување со прочистувачи на потребите на училиште, преку проект UPSHIFT од здружение на граѓани ЛЕАД. Даваме пример како да имаме побезбедна училишна средина, исто така, пример за да можат тоа да си го направат учениците и во своите домови. Да бидат безбедни, а притоа да немаат големи трошоци за купување прочистувачи од комерцијална продажба. Филтрите што ги користиме во нашите прочистувачи се германски, антиполен и карбон антибактериски, појасни Ангелков, иноватор кој има добиено бројни признанија и награди за иноваторство.
Ангелков кој е професор доктор по електротехнички науки, подвлече во изјава за МИА, дека загадувањето на воздухот е сериозен глобален проблем и дека токму поради тоа е многу важно, користењето на вакви апарати.
The post Пет ученици и професор од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух appeared first on Република.
]]>Заедно со пет ученици средношколци, под мое менторство, произведени се 30 квалитетни антиполен карбон прочистувачи за воздух, наменети за во училишни училници. Проектот AERO2 е за задоволување со прочистувачи на потребите на училиште, преку проект UPSHIFT од здружение на граѓани ЛЕАД. Даваме пример како да имаме побезбедна училишна средина, исто така, пример за да можат тоа да си го направат учениците и во своите домови. Да бидат безбедни, а притоа да немаат големи трошоци за купување прочистувачи од комерцијална продажба. Филтрите што ги користиме во нашите прочистувачи се германски, антиполен и карбон антибактериски, појасни Ангелков, иноватор кој има добиено бројни признанија и награди за иноваторство.Ангелков кој е професор доктор по електротехнички науки, подвлече во изјава за МИА, дека загадувањето на воздухот е сериозен глобален проблем и дека токму поради тоа е многу важно, користењето на вакви апарати.
The post Пет ученици и професор од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух appeared first on Република.
]]>До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи).
Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“.
Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.
Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.
-Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, наведува МОН во повикот објавен на неговата веб-страница.
Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса [email protected].
The post До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието appeared first on Република.
]]>The post До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието appeared first on Република.
]]>Државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на меѓународни научни олимпијади и натпревари нема да биде доведувана во прашање. Ова на средба со македонски ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните наставници ментори, го истакнаа претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
Вие сте најголемите македонски амбасадори, промотори на квалитетното знаење кое може да се стекне на ова поднебје. Со Вас се гордее цела нација. Ова е ваш личен успех, но голема заслуга имаат и вашите семејства, најблиските и наставниците кои ве поддржуваат и подучуваат константно“, рече Јаневска.
Министерката изрази жалење што досега институциите на системот не успеале да најдат начини и да обезбедат можности за повеќе да ги поддржат учениците и со цел со уште поголемо чувство за заштита, на сигурност, на патриотизам и уште поголема желба за натпревар и докажување, да настапат онаму каде одат само најдобрите од Европа и Светот.
Но, ве молам немојте тоа да го препишувате на државата. Државата ја водат луѓе. Некогаш луѓе кои се интересираат за граѓаните, некогаш луѓе кои немаат никаква грижа на совест. Ве уверувам дека ова раководство во Министерството за образование и наука и воопшто на Владата, заедно со претседателката Сиљановска Давкова, ќе обезбедат повеќе и подобри можности за вас и за реализација на вашиот потенцијал тука, во Македонија. Работиме на нови законски измени за да имаме правен основ за поголема поддршка и повеќе пари“, додаде министерката Јаневска, информирајќи дека за прв пат во подготовка е Концепција за поддршка на талентирани ученици.
И претседателката Сиљановска Давкова упатувајќи честитки за постигнатите резултати, посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено во областа на образованието, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.
Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Годинава 50тина македонски ученици учествуваа на врвни светски ученички натпреварувања, освојувајќи вкупно 16 медали - 4 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.
The post Вие сте најголеми македонски амбасадори, им кажаа Сиљановска Давкова и Јаневска на средбата со учениците кои освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари appeared first on Република.
]]>Вие сте најголемите македонски амбасадори, промотори на квалитетното знаење кое може да се стекне на ова поднебје. Со Вас се гордее цела нација. Ова е ваш личен успех, но голема заслуга имаат и вашите семејства, најблиските и наставниците кои ве поддржуваат и подучуваат константно“, рече Јаневска.Министерката изрази жалење што досега институциите на системот не успеале да најдат начини и да обезбедат можности за повеќе да ги поддржат учениците и со цел со уште поголемо чувство за заштита, на сигурност, на патриотизам и уште поголема желба за натпревар и докажување, да настапат онаму каде одат само најдобрите од Европа и Светот.
Но, ве молам немојте тоа да го препишувате на државата. Државата ја водат луѓе. Некогаш луѓе кои се интересираат за граѓаните, некогаш луѓе кои немаат никаква грижа на совест. Ве уверувам дека ова раководство во Министерството за образование и наука и воопшто на Владата, заедно со претседателката Сиљановска Давкова, ќе обезбедат повеќе и подобри можности за вас и за реализација на вашиот потенцијал тука, во Македонија. Работиме на нови законски измени за да имаме правен основ за поголема поддршка и повеќе пари“, додаде министерката Јаневска, информирајќи дека за прв пат во подготовка е Концепција за поддршка на талентирани ученици.И претседателката Сиљановска Давкова упатувајќи честитки за постигнатите резултати, посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено во областа на образованието, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.
Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Годинава 50тина македонски ученици учествуваа на врвни светски ученички натпреварувања, освојувајќи вкупно 16 медали - 4 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.
The post Вие сте најголеми македонски амбасадори, им кажаа Сиљановска Давкова и Јаневска на средбата со учениците кои освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари appeared first on Република.
]]>Станува збор за централното основно училиште „Христо Узунов“ во Другово, Кичево, каде што учат 126 ученици од 10 околни села. Во двата периферни објекти во склоп на ова училиште, во Србјани учат 12 ученици, а во Брждани само 2 ученици, додека училиштето во село Подвис е затворено, објави ТВ 21.
Бројот на ученици се намалува од година во година и тоа претставува закана за нивно затворање.
Сега за сега директорката Билјана Стевановска Ангелеска вели дека не се знае дали и училиштето во село Брждани ќе биде затворено.
Намалувањето на бројот на ученици се случува поради големата миграција во последните години и нискиот наталитет, но друга причина е непочитувањето на реонизацијата на училиштата, бидејќи многу родители ги испраќаат своите деца од село во градските училишта.
The post Празни села во околината на Кичево – падот на бројот на ученици закана за затворање на училиштата appeared first on Република.
]]>The post Празни села во околината на Кичево – падот на бројот на ученици закана за затворање на училиштата appeared first on Република.
]]>Македонија минува низ образована криза. Тоа го покажуваат слабите резултати на последното ПИСА тестирање - 75 отсто од 15-годишните ученици во земјата имаат ниски резултати по читање, а 66 отсто покажуваат ниски резултати по математика и природни науки.
Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија вчера говореше на настанот „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“ во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.
Според Милер, резултатите од истражувањата покажуваат дека се работи за недоволно време минато во учење.
Учениците во основно образование во Македонија на возраст од 14 години имаат речиси 900 часа помалку настава од просекот на учениците во земјите на ОЕЦД. Ова првенствено се должи на фактот што училишната мрежа не одговара на демографските промени во земјата и како резултат на тоа 90 отсто од учениците учат во 30 отсто од училишните згради, и училиштата се принудени да работат во смени.
Исто така, врз успехот на учениците негативно се одразува и недоволното време минато во предучилишно образование. Резултатите од ПИСА за земјата покажуваат дека учениците кои не посетувале предучилишно образование или кои оделе во градинка помалку од една година, обично имаат пониски резултати по читање, математика и природни науки. Ова не изненадува ако се земе предвид дека само околу 43 отсто од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, а опфатот на децата Албанци и Роми е уште понизок, вели претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.
Овие бројки не се само статистика; овие бројки се итен повик за акција, повик да се оствари правото на децата на квалитетно и инклузивно образование, а образовниот систем да обезбеди развој на човечкиот капитал и економска конкурентност, смета Милер.
Втор фактор е бројот на наставници и како тие се распределени: Бројот на наставници и понатаму расте и во просек наставниците работат со помал број ученици. Во изминатите две децении просечниот број ученици се намали од 18 на помалку од 10 ученици по наставник, што е значително под просекот на ОЕЦД. Во две третини од општините, просечниот сооднос ученик-наставник е под 10. Во исто време, распределбата на работната сила е нерамномерна. Некои училишта имаат паралелки со над 30 ученици, додека други имаат помалку од 10. Речиси половина од учениците во руралните средини учат во екстремно мали или комбинирани паралелки од различни одделенија – и едното и другото има негативно влијание врз нивното учење и социјализација.
Трет фактор се расположивите ресурси за квалитетно учење: Инвестициите во образованието несразмерно се трошат на плати, при што останува малку за покривање на трошоците наменети за квалитетно и инклузивно образование. Во моментов, близу 90% од расходите за основно образование одат на трошоци за плати, додава Милер.
Накратко, образовната криза е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици, недостигот од континуитет во реформските процеси кај различните влади и недоволната насоченост на образованието кон реалните и индивидуалните потреби на сите ученици, сметаат од УНИЦЕФ.
Од УНИЦЕФ велат дека постои потреба од преиспитување во три критични области:
Училишна инфраструктура: За да може секое дете да посвети доволен број часови на учење во една смена, треба да се продолжи училишниот ден што може да бара проширување на некои училишни објекти и консолидирање на други. Целта треба да биде на секој ученик да му се овозможи пристап до исто ниво на можности за учење кои доаѓаат со воннаставните активности, пристап до нови технологии и опрема и интеракција со поширока група врсници.
Човечки ресурси: При планирањето на наставниот кадар, треба да се земат предвид новите улоги на наставниците и да се обзебеди поддршка за професионалниот развој и кариерното напредување на наставниците, преку наставниците ментори и стручните служби. Исто така треба да се земе предвид и моделот на споделени ресурси меѓу општините за да се обезбеди ефикасно искористување на работната сила.
Финансирање на образованието: Со сегашната формула за финансирање не се поттикнува ефикасно трошење, не се земаат предвид училишните резултати и не се предвидуваат наменски средства за професионален развој на наставниците или за воннаставни активности. Потребна ни е формула со која се пресметува трошокот по ученик, обезбедува правична распределба и се гарантираат средства за превоз на учениците што живеат подалеку од училиштата.
Реформирањето на образовниот систем е сложен процес и бара силно лидерство и политичка посветеност на сите владини нивоа. Потребен е и ангажман и дејствување од страна на Собранието, пошироката Влада вон Министерството за образование, вклучувајќи ги Министерството за финансии, општините, раководството на училиштата, наставниците и родителите, смета претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Милер.
https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-uchenitsi-uchat-okolu-900-chasovi-pomalku-od-prosekot/
https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vishokot-nastavnitsi-koi-ke-se-pojavat-mozhe-da-bidat-angazhirani-vo-bro-dits-dpi-i-da-pomognat-so-svoeto-iskustvo-i-znaene/
The post УНИЦЕФ: Учениците во Македонија кои оделе во градинка помалку од една година, обично имаат пониски резултати по читање, математика и природни науки appeared first on Република.
]]>Учениците во основно образование во Македонија на возраст од 14 години имаат речиси 900 часа помалку настава од просекот на учениците во земјите на ОЕЦД. Ова првенствено се должи на фактот што училишната мрежа не одговара на демографските промени во земјата и како резултат на тоа 90 отсто од учениците учат во 30 отсто од училишните згради, и училиштата се принудени да работат во смени. Исто така, врз успехот на учениците негативно се одразува и недоволното време минато во предучилишно образование. Резултатите од ПИСА за земјата покажуваат дека учениците кои не посетувале предучилишно образование или кои оделе во градинка помалку од една година, обично имаат пониски резултати по читање, математика и природни науки. Ова не изненадува ако се земе предвид дека само околу 43 отсто од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, а опфатот на децата Албанци и Роми е уште понизок, вели претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.Овие бројки не се само статистика; овие бројки се итен повик за акција, повик да се оствари правото на децата на квалитетно и инклузивно образование, а образовниот систем да обезбеди развој на човечкиот капитал и економска конкурентност, смета Милер. Втор фактор е бројот на наставници и како тие се распределени: Бројот на наставници и понатаму расте и во просек наставниците работат со помал број ученици. Во изминатите две децении просечниот број ученици се намали од 18 на помалку од 10 ученици по наставник, што е значително под просекот на ОЕЦД. Во две третини од општините, просечниот сооднос ученик-наставник е под 10. Во исто време, распределбата на работната сила е нерамномерна. Некои училишта имаат паралелки со над 30 ученици, додека други имаат помалку од 10. Речиси половина од учениците во руралните средини учат во екстремно мали или комбинирани паралелки од различни одделенија – и едното и другото има негативно влијание врз нивното учење и социјализација.
Трет фактор се расположивите ресурси за квалитетно учење: Инвестициите во образованието несразмерно се трошат на плати, при што останува малку за покривање на трошоците наменети за квалитетно и инклузивно образование. Во моментов, близу 90% од расходите за основно образование одат на трошоци за плати, додава Милер.Накратко, образовната криза е резултат на децениското несоодветно решавање на клучните структурни предизвици, недостигот од континуитет во реформските процеси кај различните влади и недоволната насоченост на образованието кон реалните и индивидуалните потреби на сите ученици, сметаат од УНИЦЕФ. Од УНИЦЕФ велат дека постои потреба од преиспитување во три критични области: Училишна инфраструктура: За да може секое дете да посвети доволен број часови на учење во една смена, треба да се продолжи училишниот ден што може да бара проширување на некои училишни објекти и консолидирање на други. Целта треба да биде на секој ученик да му се овозможи пристап до исто ниво на можности за учење кои доаѓаат со воннаставните активности, пристап до нови технологии и опрема и интеракција со поширока група врсници. Човечки ресурси: При планирањето на наставниот кадар, треба да се земат предвид новите улоги на наставниците и да се обзебеди поддршка за професионалниот развој и кариерното напредување на наставниците, преку наставниците ментори и стручните служби. Исто така треба да се земе предвид и моделот на споделени ресурси меѓу општините за да се обезбеди ефикасно искористување на работната сила. Финансирање на образованието: Со сегашната формула за финансирање не се поттикнува ефикасно трошење, не се земаат предвид училишните резултати и не се предвидуваат наменски средства за професионален развој на наставниците или за воннаставни активности. Потребна ни е формула со која се пресметува трошокот по ученик, обезбедува правична распределба и се гарантираат средства за превоз на учениците што живеат подалеку од училиштата. Реформирањето на образовниот систем е сложен процес и бара силно лидерство и политичка посветеност на сите владини нивоа. Потребен е и ангажман и дејствување од страна на Собранието, пошироката Влада вон Министерството за образование, вклучувајќи ги Министерството за финансии, општините, раководството на училиштата, наставниците и родителите, смета претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Милер. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-uchenitsi-uchat-okolu-900-chasovi-pomalku-od-prosekot/ https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vishokot-nastavnitsi-koi-ke-se-pojavat-mozhe-da-bidat-angazhirani-vo-bro-dits-dpi-i-da-pomognat-so-svoeto-iskustvo-i-znaene/
The post УНИЦЕФ: Учениците во Македонија кои оделе во градинка помалку од една година, обично имаат пониски резултати по читање, математика и природни науки appeared first on Република.
]]>Учениците од стручните училишта добиваат можности за практично учење со фокус врз јакнење на зелените вештини, преку партнерството склучено меѓу УНИЦЕФ и Групацијата НЕЛТ. На денешното официјализирање на соработката, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека потребата од прилагодување на образованието кон градење зелени вештини кај младите е се поизразена во услови на големи еколошки предизвици и раст на свесноста на компаниите за прашањата поврзани со заштитата на животната средина.
Оваа иницијатива ќе им овозможи на учениците да стекнат драгоцено искуство и знаење, што ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд, а истовремено ќе придонесе за поодржлива иднина за сите нас. Ваквата соработка е многу важна и од еден друг аспект - компаниите ја покажуваат својата општествена одговорност кон локалните заедници и посветеноста кон еколошки практики. Истовремено дава поттик и други компании да го сторат истото, посочи министерката Јаневска.
Локалната иницијатива е дел од глобалното партнерството а за Македонија се издвоени 330.000 американски долари за период од три години.
Средното стручно образование, посебно дуалното, е вистинското место каде треба да се реализира оваа иницијатива, во рамки на практичната обука, каде учениците стекнуваат вештини во услови на реално производство. Во компаниите што им обезбедуваат практична работа на учениците, најефективно тие може да се обучат за нови зелени технологии и практики, нагласи министерката Јаневска.
Планирано е да се обезбедат можности за практична настава и практикантство во јавни и приватни претпријатија ширум земјата за над 500 ученици од стручното образование, кои се подготвуваат за кариера во природните науки, еколошката одржливост и ублажувањето на климатските промени.
Со зајакнување на рамката за практична настава, не само што ќе им помогнеме на учениците од стручното образование да изградат широко применливи зелени вештини, туку и ќе придонесеме кон развојот на работна сила која ќе биде оспособена да се справи со итните еколошки предизвици, рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.
Иницијативата ќе им помогне на учениците од стручните училишта да стекнат зелени вештини поврзани со еколошката одржливост, зачувувањето на природата и климатската акција, овозможувајќи им практично да го применат знаењето на идното работно место во разни области, од управување со отпад и производство на зелена енергија па сè до одржливи производствени процеси, енергетска ефикасност и циркуларна економија во градежништвото.
Дополнително, иницијативата ќе биде уште еден поттик за деветтооделенците да одберат средно стручно образование, коешто од година во година бележи раст на бројот на запишани ученици. Оваа учебна година, 2024/2025 година, дури две третини од учениците по завршувањето на основното образование одбраа средно стручно училиште.
The post Јаневска: Унапредувањето на стручното образование преку практична настава за зелени вештини ја подобрува вработливоста на учениците appeared first on Република.
]]>Оваа иницијатива ќе им овозможи на учениците да стекнат драгоцено искуство и знаење, што ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд, а истовремено ќе придонесе за поодржлива иднина за сите нас. Ваквата соработка е многу важна и од еден друг аспект - компаниите ја покажуваат својата општествена одговорност кон локалните заедници и посветеноста кон еколошки практики. Истовремено дава поттик и други компании да го сторат истото, посочи министерката Јаневска.Локалната иницијатива е дел од глобалното партнерството а за Македонија се издвоени 330.000 американски долари за период од три години.
Средното стручно образование, посебно дуалното, е вистинското место каде треба да се реализира оваа иницијатива, во рамки на практичната обука, каде учениците стекнуваат вештини во услови на реално производство. Во компаниите што им обезбедуваат практична работа на учениците, најефективно тие може да се обучат за нови зелени технологии и практики, нагласи министерката Јаневска.Планирано е да се обезбедат можности за практична настава и практикантство во јавни и приватни претпријатија ширум земјата за над 500 ученици од стручното образование, кои се подготвуваат за кариера во природните науки, еколошката одржливост и ублажувањето на климатските промени.
Со зајакнување на рамката за практична настава, не само што ќе им помогнеме на учениците од стручното образование да изградат широко применливи зелени вештини, туку и ќе придонесеме кон развојот на работна сила која ќе биде оспособена да се справи со итните еколошки предизвици, рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.Иницијативата ќе им помогне на учениците од стручните училишта да стекнат зелени вештини поврзани со еколошката одржливост, зачувувањето на природата и климатската акција, овозможувајќи им практично да го применат знаењето на идното работно место во разни области, од управување со отпад и производство на зелена енергија па сè до одржливи производствени процеси, енергетска ефикасност и циркуларна економија во градежништвото. Дополнително, иницијативата ќе биде уште еден поттик за деветтооделенците да одберат средно стручно образование, коешто од година во година бележи раст на бројот на запишани ученици. Оваа учебна година, 2024/2025 година, дури две третини од учениците по завршувањето на основното образование одбраа средно стручно училиште.
The post Јаневска: Унапредувањето на стручното образование преку практична настава за зелени вештини ја подобрува вработливоста на учениците appeared first on Република.
]]>Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации, во кое се користени податоци од Државниот завод за статистика.
Според истражувањето, во две третини од општините има намалување на бројот на ученици, додека зголемување има во десет скопски општини и во 9 други општини, надвор од Скопскиот регион.
Најголемо намалување на бројот на ученици во вкупна бројка има во општина Гази Баба, каде во последната учебна година имало дури 2.389 помалку ученици отколку пред десет години. Следна општина е Тетово каде имало речиси 1.500 ученици помалку, само за период од десет години. Со намалување од по илјада ученици следуваат: Центар, Струга, Куманово и Гостивар.
Во релативни бројки, најголемо намалување на бројот на ученици во осмолетка има во општина Ново Село, каде само за десет години, бројот на ученици во односното образование е преполовен, односно е намален за 57 отсто.
Намалување на бројот на ученици за третина има во општините Маврово и Ростуше, Вевчани, Кратово и Пехчево. Намалување за една четвртина на бројот на основци има во Врапчиште, Конче, Зрновци, Гази Баба и Берово.
Спротивно, зголемување на бројот на ученици имало во десет општини од Скопскиот регион, а со тоа и во Градот Скопје во целина.
Најголемо зголемување и во вкупна бројка и процентуално има во Бутел и Карпош. Во Карпош, во последната учебна година имало речиси 2,5 илјади повеќе основци отколку пред десет години, што е зголемување на бројот на ученици за 56 %. Во Бутел, зголемувањето е за околу 2 илјади ученици, односно за 59 %. Слично е и во Ѓорче Петров каде зголемувањето е за 43 %, односно за нешто повеќе од илјада ученици. Надвор од Скопје, зголемување имало во девет општини, но во сите заедно имало само илјада ученици повеќе сега отколку пред десет години. Тоа се претежно мали општини како Чашка, Теарце, Ресен и Крушево. Единствено од поголемите градови, само во Струмица има зголемување на бројот на основци за околу 400, односно за 9 %, стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.
Кога станува збор за средното образование, се посочува, состојбата е многу полоша. Таму, намалување на бројот на ученици има во дури 73 општини, односно во 90 % од општините, вклучувајќи го и Град Скопје како целина.
Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови, почнувајќи од Тетово, Струга и Кичево, сè до Струмица, Гостивар, Куманово и Штип.
Процентуално, пак, најголем губитник е Пехчево. Таму, бројот на ученици во средно е намален за 83 % само во последните десет години. Преполовување на бројот на средношколци има во Крушево, Македонски Брод и Врапчиште.
Во главниот град Скопје има намалување од 2.727 средношколци, односно за 10 % во последната учебна година.
Спротивно, зголемување има само во седум општини од кои пет се од Скопскиот регион и само три други општини, Брвеница, Боговиње и Богданци. Четири од општините со зголемување се оние во коишто во последните десет години се отворило средно училиште, а претходно немало со што може да се оправда зголемениот број на ученици. Ако се изземат овие општини, бројот на ученици во средно е зголемен само во 3 општини во земјава и тоа: Аеродром, Центар и Богданци.
Како и да е, во сите седум општини каде што има зголемување на бројот на средношколци, вкупната бројка на зголемување изнесува 1.136, наспроти 18.000 за колку што е намален бројот на ученици во останатите 73 општини, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјава, се посочува, бројот на наставници е зголемен.
Имено, во последната учебна година имало 1203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %, стои во истражувањето објавено од Центарот за граѓански комуникации.
The post За десет години во Македонија бројот на ученици е намален за 27 илјади appeared first on Република.
]]>Најголемо зголемување и во вкупна бројка и процентуално има во Бутел и Карпош. Во Карпош, во последната учебна година имало речиси 2,5 илјади повеќе основци отколку пред десет години, што е зголемување на бројот на ученици за 56 %. Во Бутел, зголемувањето е за околу 2 илјади ученици, односно за 59 %. Слично е и во Ѓорче Петров каде зголемувањето е за 43 %, односно за нешто повеќе од илјада ученици. Надвор од Скопје, зголемување имало во девет општини, но во сите заедно имало само илјада ученици повеќе сега отколку пред десет години. Тоа се претежно мали општини како Чашка, Теарце, Ресен и Крушево. Единствено од поголемите градови, само во Струмица има зголемување на бројот на основци за околу 400, односно за 9 %, стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.Кога станува збор за средното образование, се посочува, состојбата е многу полоша. Таму, намалување на бројот на ученици има во дури 73 општини, односно во 90 % од општините, вклучувајќи го и Град Скопје како целина. Во апсолутни бројки, најголемо намалување на бројот на средношколци има во Скопје и во речиси сите големи градови, почнувајќи од Тетово, Струга и Кичево, сè до Струмица, Гостивар, Куманово и Штип. Процентуално, пак, најголем губитник е Пехчево. Таму, бројот на ученици во средно е намален за 83 % само во последните десет години. Преполовување на бројот на средношколци има во Крушево, Македонски Брод и Врапчиште. Во главниот град Скопје има намалување од 2.727 средношколци, односно за 10 % во последната учебна година. Спротивно, зголемување има само во седум општини од кои пет се од Скопскиот регион и само три други општини, Брвеница, Боговиње и Богданци. Четири од општините со зголемување се оние во коишто во последните десет години се отворило средно училиште, а претходно немало со што може да се оправда зголемениот број на ученици. Ако се изземат овие општини, бројот на ученици во средно е зголемен само во 3 општини во земјава и тоа: Аеродром, Центар и Богданци.
Како и да е, во сите седум општини каде што има зголемување на бројот на средношколци, вкупната бројка на зголемување изнесува 1.136, наспроти 18.000 за колку што е намален бројот на ученици во останатите 73 општини, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.Истовремено со намалувањето на бројот на ученици во основното образование насекаде низ земјава, се посочува, бројот на наставници е зголемен.
Имено, во последната учебна година имало 1203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %, стои во истражувањето објавено од Центарот за граѓански комуникации.
The post За десет години во Македонија бројот на ученици е намален за 27 илјади appeared first on Република.
]]>По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици.
Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.
Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.
Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик.
Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.
Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.
Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик.
Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.
The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.
]]>Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.
Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик. Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.
The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.
]]>Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“.
Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата.
Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија.
Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.
Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди.
Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“.
Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов.
Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување.
Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.
The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.
]]>The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.
]]>Општина Центар соопшти дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Општина Центар денеска потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.
Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка, потенцираше градоначалникот на општина Центар Горан, Герасимовски.
Учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во пет објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.
The post Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст appeared first on Република.
]]>Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка, потенцираше градоначалникот на општина Центар Горан, Герасимовски.Учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во пет објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.
The post Учениците до 10 години во Општина Центар може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст appeared first on Република.
]]>Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати,препотени,дехидрирани,сварени дечиња...секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????, пишува Сашко Коцев на својот фејсбук профил.
The post Сашко Коцев: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… appeared first on Република.
]]>Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати,препотени,дехидрирани,сварени дечиња...секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????, пишува Сашко Коцев на својот фејсбук профил.
The post Сашко Коцев: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… appeared first on Република.
]]>„Ве информираме дека изминатиот период забележана е тенденција на физичко самоповредување кај повеќе ученици.“
Вакво предупредување добиле родителите во повеќе скопски основни училишта од наставниот кадар. Во него се вели дека е забележано сечење со жилети, ножеви од острилки, ножици, остри предмети и тоа најчесто се случувало на рацете и нозете, пренесува ТВ Сител.
Наставниот кадар ги предупредува родителите да им обрнат повеќе внимание и контрола на децата.
– Доколку забележите било каква промена што може да укажува на оваа појава ве молиме пријавете во училиште и бараме од вас како родители преку класните раководите да ни дозволите ненајавени проверки на учениците за навремено откривање и сузбивање на оваа појава бидејки состојбата е алармантна, се вели во предупредувањето.
Самоповредувањето не е изолирана појава само кај нас. Светските медиуми многу често известуваат за појава на трендови поради предизвици на социјалните платформи.
Поради ТикТок предизвик 17 ученици од Косово се самоповредиле во изминатиот период и го подигна алармот кај родителите за да ги натераат институциите да преземат поголема контрола врз социјалните мрежи кои ги користат децата.
Психотерапевтите во државата велат дека родителите можат да забележат промена кај своето дете кое е подлежно на самоповредување, но мора да реагираат веднаш и да побараат помош од стручните лица.
-Многу често здрава личнност без психолошки проблеми, без патологија не може да посегне веднаш по самоповредување или осакатување. Тоа најчесто има одредени услови коишто се исполнуваат во однос на тоа што ние ги водиме со одредени тестови. Тоа е симптом кој е доста загрижувачки, бидејќи тоа влегува на ниво на сиуцидалност. Мислам дека родителите, доколку се работи за таква појава уште претходно ќе забележат одредени промени во однесувањата, промени во социјализацијата, промени во односите кои ги имаат во семејството. Во тој момент мора да се реагира веднаш, брзо да се реагира, дури и да помислат дека можеби има таква работа, вели психотерапевтот, Фики Гаспар, пренесе Сител.
Стручните лица за секој пациент пристапуваат индивидуално, но проверуваат и дали е појава на тренд кај повеќе млади лица. Гаспар вели дека доколку станува збор за тренд треба да се реагира од повеќе аспекти, и тука најголемо влијание имаат родителите, образовните институции и стручните лица.
Меѓутоа, Гаспар предупредува дека поради технолошкиот развој, децата денеска растат во поинакво време кое бара многу повеќе внимание од родителите во однос на тоа каква содржина гледаат и како ја прифаќаат од социјалните мрежи.
– Треба да се следи и да се прави одредена контрола на тоа што го гледаат децата. Зашто, нели, тие ни се најчесто во нашите телефони. Лесни ни се за достап, сите деца сега имаат телефони што е нормално, ни требаат за комуникација. Знаат да бидат многу позитивни, но знаат да бидат искористени и за вакви моменти кадешто можат да наштетат на младите. Така што, обрнување внимание и контрола од страна на родителите што е тоа се гледа на нив, со што се занимаваат нивните деца и обавезно, доколку се препознае нешто од страна на возрасно лица, дали работи во училиште, дали е родител или работи со третман, доколку препознаат одредена опасност декаработите не изгледаат како што треба секако да се обратат на лица коешто ги работи овие работи за да може да се направи целосна проценка и да може да се влијае, вели Гаспар.
Во изминатите години на социјалните мрежи се појавуваат голем број предизвици. Дел од нив се забавни за младите, но имаше и такви кои го подигнаа алармот на светско ниво, како на пример предизвикот Син кит, после кој многу деца глобално си ги одзедоа животите.
https://www.youtube.com/watch?v=i0HSd_SBOys
The post Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците appeared first on Република.
]]>– Доколку забележите било каква промена што може да укажува на оваа појава ве молиме пријавете во училиште и бараме од вас како родители преку класните раководите да ни дозволите ненајавени проверки на учениците за навремено откривање и сузбивање на оваа појава бидејки состојбата е алармантна, се вели во предупредувањето.Самоповредувањето не е изолирана појава само кај нас. Светските медиуми многу често известуваат за појава на трендови поради предизвици на социјалните платформи. Поради ТикТок предизвик 17 ученици од Косово се самоповредиле во изминатиот период и го подигна алармот кај родителите за да ги натераат институциите да преземат поголема контрола врз социјалните мрежи кои ги користат децата. Психотерапевтите во државата велат дека родителите можат да забележат промена кај своето дете кое е подлежно на самоповредување, но мора да реагираат веднаш и да побараат помош од стручните лица.
-Многу често здрава личнност без психолошки проблеми, без патологија не може да посегне веднаш по самоповредување или осакатување. Тоа најчесто има одредени услови коишто се исполнуваат во однос на тоа што ние ги водиме со одредени тестови. Тоа е симптом кој е доста загрижувачки, бидејќи тоа влегува на ниво на сиуцидалност. Мислам дека родителите, доколку се работи за таква појава уште претходно ќе забележат одредени промени во однесувањата, промени во социјализацијата, промени во односите кои ги имаат во семејството. Во тој момент мора да се реагира веднаш, брзо да се реагира, дури и да помислат дека можеби има таква работа, вели психотерапевтот, Фики Гаспар, пренесе Сител.Стручните лица за секој пациент пристапуваат индивидуално, но проверуваат и дали е појава на тренд кај повеќе млади лица. Гаспар вели дека доколку станува збор за тренд треба да се реагира од повеќе аспекти, и тука најголемо влијание имаат родителите, образовните институции и стручните лица. Меѓутоа, Гаспар предупредува дека поради технолошкиот развој, децата денеска растат во поинакво време кое бара многу повеќе внимание од родителите во однос на тоа каква содржина гледаат и како ја прифаќаат од социјалните мрежи.
– Треба да се следи и да се прави одредена контрола на тоа што го гледаат децата. Зашто, нели, тие ни се најчесто во нашите телефони. Лесни ни се за достап, сите деца сега имаат телефони што е нормално, ни требаат за комуникација. Знаат да бидат многу позитивни, но знаат да бидат искористени и за вакви моменти кадешто можат да наштетат на младите. Така што, обрнување внимание и контрола од страна на родителите што е тоа се гледа на нив, со што се занимаваат нивните деца и обавезно, доколку се препознае нешто од страна на возрасно лица, дали работи во училиште, дали е родител или работи со третман, доколку препознаат одредена опасност декаработите не изгледаат како што треба секако да се обратат на лица коешто ги работи овие работи за да може да се направи целосна проценка и да може да се влијае, вели Гаспар.Во изминатите години на социјалните мрежи се појавуваат голем број предизвици. Дел од нив се забавни за младите, но имаше и такви кои го подигнаа алармот на светско ниво, како на пример предизвикот Син кит, после кој многу деца глобално си ги одзедоа животите. https://www.youtube.com/watch?v=i0HSd_SBOys
The post Предупредување до родителите во Македонија: Постои тренд на самоповредување кај учениците appeared first on Република.
]]>Учениците во Србија ќе носат училишни униформи кои ќе бидат во боите на националното знаме. Иницијативата доаѓа од министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.
Српската министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски денеска изјави дека нејзината иницијатива за воведување училишни униформи во основните училишта не е обид некому нешто да се наметне.
„Да речеме училишни униформи во боите на нашата тробојка, зошто да не. Мислам дека таа почит треба да ја вратиме во основните училишта“, рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.
Таа објасни дека тоа ќе биде обид да се создаде дијалог со училиштата врз основа на препораката, за да се „објасни колку е таа важна“.
„Ние не сакаме никому ништо да наметнуваме, ниту некој да го изедначиме, но треба да има ред, децата да чувствуваат ред. Децата во воспоставениот ред подобро функционираат, подобро растат, имаат подобри навики, имаат некои правила кои тие следат кога ќе научиш да почитуваш одредени правила, се однесуваш многу поодговорно во животот“, изјави Ѓурѓевиќ Стаменковски за телевизијата Пинк
Од друга страна, според неа, буџетот на родителите би бил порелаксиран, бидејќи сите деца би биле соодветно облечени за на училиште.
Таа додаде дека за сето тоа ќе разговара со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
The post Учениците во Србија ќе носат униформи во боите на српското знаме appeared first on Република.
]]>The post Учениците во Србија ќе носат униформи во боите на српското знаме appeared first on Република.
]]>